По осми пат се намалени цените, овојпат на дополнителни 282 лекa. Највисокото намалување е 65 насто, а најниското 14 проценти. Со ова намалување, министерството за здравство заштедува уште еден милион евра.
Вести
-
Македонија 04.11.2015 12:47
-
Свет 04.11.2015 12:38
Се урна руски товарен авион, најмалку 40 жртви
Нова авионска несреќа. Најмалку 40 патници и членови на екипаж загинаа, откако се урна руски товарен авион „Антонов“ на оддалеченост од речиси километар од аеродромот во Џуба, во Јужен Судан.
-
Свет 04.11.2015 12:27
Турската полиција приведе 15 активисти на ПКК
Голема акција на турската полиција во Истанбул. Приведени се петнаесетина активисти на курдската работничка партија.
Во операцијата учествуваа тимови на дирекцијата за борба против тероризмот, специјалци и полициски хеликоптери, при што е најдено големо количество оружје.
-
Свет 04.11.2015 12:25
Историска средба на претседателите на Тајван и на Кина
В сабота историска средба на претседателите на Тајван и на Кина, Ма Јинг и Кси Џипинг во Сингапур.
-
Македонија 04.11.2015 11:46
Обвинение за 29 лица осомничени за тероризам за случувањата во „Диво Насеље“
Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе обвинение против 29 осомничени за тероризам во настаните што се случија на 9-ти и 10-ти мај во кумановската населба „Диво Насеље“.
-
Македонија 04.11.2015 11:40
Објавен конкурс за школување во воздухопловната академија во Колорадо Спрингс
Министерството за одбрана објави конкурс за избор на 6 кандидати кои ќе бидат номинирани за школување во воздухопловната академија на САД, во Колорадо Спрингс.
-
Македонија 04.11.2015 10:47
Досега издадени потврди за азил на над 211 илјади мигранти
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за азил на вкупно 3.687 странски државјани, од кои 1.841 се од машки пол, 585 се од женски, 733 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 528 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.
-
Македонија 04.11.2015 10:43
Донација на фондацијата „Илич“ за универзитетот Вејн во Детроит
Фондацијата „Илич“, сопственост на американскиот бизнисмен од македонско потекло, Мајкл Илич подари 40 милиони долари на Државниот универзитет Вејн во Детроит.
-
Македонија 04.11.2015 10:37
Конференција за медиумската состојба на Западен Балкан и Турција во Брисел
Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска ќе ја отвори конференцијата посветена на јакнењето на слободата на медиумите на Западен Балкан и во Турција. Слободата на изразување е една од директивите на Унијата за интеграција во Европа.
-
Свет 04.11.2015 10:21
Прв авионски транспорт на мигрантите од Атина до Луксембург
Прв авионски транспорт на мигрантите од Грција до Луксембург.










