Вести

  • Економија 24.07.2015 12:34

    Ставрески: Повластената даночна стапка- поттик за изградба на станови

    Предложеното пролонгирање до крајот на 2018 година на повластената стапка на ДДВ за изградбата и првиот промет на станови е поддршка за градежниот сектор и ќе создаде услови за натамошна експанзија на станбената изградба, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
  • Македонија 24.07.2015 11:45

    Интензивна истрага против повеќе лица за случувањата во кумновско Диво Насеље

    Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава кој се случи кај кумановско Диво насеље, прибра дел од доказите, соопшти денеска службата за односи со јавност на Јавното обвинителство.

  • Македонија 24.07.2015 11:17

    Приведени две лица за инцидентот во Куманово

    Во СВР Куманово приведени се две лица, повеќе лица се повикани на информативен разговор, заради целосно расчистување и документирање на вчерашниот случај во кој едно лице го загуби животот, а две се повредени во кафе бар лоциран на улицата „11 Ноември“, соопшти денеска кумановската полиција и нај

  • Свет 24.07.2015 11:13

    Турнеја низ Африка: Обама во посета на Кенија

    Американскиот претседател Барак Обама во посета на Кенија, како дел од турнејата во Африка. Властите во Најроби ги зголемија мерките на безбедност на највисоко ниво, за да го заштитат од евентуалните напади на сомалиските милитанти.

  • Свет 24.07.2015 10:58

    Вооружен напад во кино во Луизијана, најмалку три жртви

    Најмлаку три лица починаа, седуммина се повредени, откако маж отворил оган во кино во американската сојузна држава Луизијана.

    Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 58-годишен маж, кој нападот го извршил дваесетина минути откако почнал филмот, а потоа сам си го одземал животот.

  • Македонија 24.07.2015 10:39

    Двајца загинати и двајца повредени во сообраќајка кај тетовско Палчиште

    Две лица се загинати, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 04 часот кај тетовското село Палчиште.

  • Свет 24.07.2015 10:32

    Турска офанзива против ИДИЛ

    Во раните утрински часови почнаа нападите на турските борбени авиони врз позиции на џихадистите од Исламска држава на сириски територија, засега нема навлегување на турската копнена војска во сирија, соопшти претставник на силите за безбедност во Анкара.

  • Економија 24.07.2015 10:25

    ССК: Намалените казни за компаниите ќе ги подобрат условите за работа

    Сојузот на стопански комори (ССК) ги поздравува вчера донесените измени на законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка со кои се намалуваат казните на компаниите.

  • Македонија 24.07.2015 10:16

    Седници на три собраниски комисии

    Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.
     
    Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2015.
  • Македонија 24.07.2015 10:02

    Научна конференција на МАНУ и БАН во Битола

    Ослободителните борби на Македонија од источната криза до Балканските војни е темата на дводневната научна конференција во организација на Македонската и на Бугарската академија за науки и уметности што денеска се одржува во Битола.

Pages