Со тромболитична терапија до помали последици од мозочен удар. Пациенти кои навреме ја примиле, а имале одземеност на рака нога или говор, за кратко време им се подобрила способноста на движење.
Вести
-
Македонија 23.07.2015 16:28
-
Економија 23.07.2015 16:20
Ребалансот на Буџетот влезе во Собранието
Прекроената државна каса влезе во собраниска процедура. Приходите во првото полугодие се натфрлени за 14% во однос на лани и за 6% во однос на првично планираното. Помалку пари се прибрани од ДДВ, повеќе од данокот на добивка и од акциза. На расходната страна нема кратење.
-
Македонија 23.07.2015 15:23
Дојран плени со плжите, вкусната риба и лековитата вода
Еден осамен корморан со танц над езерските води не пречекува. Како потсетник на дојранските мандри. Нив ги нема, ама сега се во поинаков, модерен ритам протекува.
На плажите игла нема каде да се фрли. Секој има своја причина зошто Дојран му е посакуваната дестинација.
-
Македонија 23.07.2015 15:14
Изминатата недела регистрирани 60 пожари
Изминатава недела Противпожарната бригада Скопје имаше 74 интервенции, од кои 60 на отворен простор, 3 на објекти, 3 на автомобили, 3 технички интервенции и 5 други интервенции.
-
Македонија 23.07.2015 14:33
Поголема финансиска помош од државата за децата од СОС Детско село
Државата финансиски ќе помага и поддржи 28 деца и млади на 14-годишна возраст без родители и родителска грижа сместени во четири станбени единици за организирано живеење со поддршка.
-
Економија 23.07.2015 14:01
Приходите натфрлени, со ребалансот повеќе пари за капитални проекти
Остварувањето на Буџетот за 2015 година во првите шест месеци се подобри од очекувањата. Прибраните приходи се повисоки од планираните и тие со предложениот ребаланс на буџетот ќе се преточат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени. -
Македонија 23.07.2015 13:48
Метео: Сонечво и топло време и за викендот
Сончево и топло време со мала локална облачност ќе имаме и во текот на утрешниот ден.
Попладне во западните делови можен е краткотраен дожд и појава на грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
-
Македонија 23.07.2015 13:41
Наил ќе лобира Австралија да ја признае Македонија под уставно име
Потпретседателот на парламентот на Нов Јужен Велс, ќе лобира за признавање на уставното име на нашата држава во Aвстралија. Заменик спикерот Федерик Џон Наил има доверба во институциите на системот, за надминување на политичката криза.
-
Свет 23.07.2015 13:17
МРТ на протестите во Атина: На Синтагма повторно молотови коктели
Грчкиот Парламент по речиси дваесет часовна расправа, го усвои и вториот пакет мерки што меѓународните кредитори го бараат од земјата. А додека траеше гласањето, граѓаните веќе традиционално, излегоа на Синтагма да го искажат својот гнев поради новите мерки за штедење.
-
Свет 23.07.2015 13:08
Неофицијално: Хрватска го загуби граничниот спор со Словенија
Неофицијално, Хрватска го загуби граничниот спор со Словенија, а со тоа и најмалку две третини од морето во Пиранскиот залив.










