Вести

  • Економија 31.03.2015 14:03

    Зголемен бројот на работници во индустријата

    Бројот на работници во индустријата во февруари е зголемен за 2,5 проценти во споредба со истиот период во 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
     
  • Економија 31.03.2015 14:00

    Истекува рокот за откуп и закуп на општествени станови

    Истекува рокот за откуп на општествени станови. Над 1.000 барања се доставени до Министерството за транспорт. За откуп на станови се доставени 769 барања, 188 за пренос, а 28 за закуп, информираат од Министерството.

  • Македонија 31.03.2015 13:55

    Соработка на хидрометеоролозите од регионот за справување со поплавите

    Македонија и земјите од Југоисточна Европа заеднички ќе дејствуваат во намалувањето на последиците од хидрометеоролошките појави. Ќе користат американски искуства за да го подобрат алармот за поројните поплави и заштитата на човечките животи и материјалните добра.

  • Македонија 31.03.2015 13:48

    Граѓаните и компаниите најмногу се жалат на трудовата и на пазарната инспекција

    На работата на трудовата и на пазарната инспекција најмногу се жалат граѓаните и компаниите. Поплаки за неправилно постапување, несоодветно и некултурно  однесување стигнале на адреса на Инспекцискиот совет. Во минатата година биле изврешни над 200 илјади инспекциски надзори.

  • Македонија 31.03.2015 13:43

    Повисоки плати во МВР од април

    Над 10 илјади вработени во МВР ќе добијат зголемени плати за 20 отсто. Најниската плата во МВР ќе изнесува околу 18 илјади денари. Ќе се изедначи со месечните примања на цариникот со средно образование. До 2017-тата инспекторите месечно ќе добијат за три илјади повеќе.

  • Свет 31.03.2015 11:32

    Гвинеја ја затвора границата со Сиера Леоне

    Гвинеја ја затвори границата кон Сиера Леоне како дел од напорите да и стави крај на епидемијата на ебола, од која во Западна Африка до сега починаа повеќе од 10.000 луѓе.

    Во Либерија во моментот нема заразени, а во Сиера Леоне е забележан постојан пад во бројо на случаи на заболени.

  • Свет 31.03.2015 11:28

    Кашмир: 17 загинати во свлечиште

    Најмалку 17 лица загинаа, а едно се води како исчезнато во свлечишта предизвикани од обилните дождови во Кашмир. Припадници на војската со багери се обидуваат да го пронајдат исчезнатото лице под урнатините.

  • Свет 31.03.2015 11:16

    Перу: Автобус паднал во бездна, 21 загинат

    Најмалку 21 лице загина, а 38 се потешко повредени кога автобус излетал од патот на југоистокот од Перу во планинската област на Андите и паднал во бездна длабока 1.000 метри.

  • Свет 31.03.2015 11:12

    Јемен: Бомбардиран склад со ракети

    Коалицијата на арапските земји предводена од Саудиска Арабија во текот на ноќта продолжи да ја бомбардира Сана. Дел од медиумите јавуваат дека бил гранатиран и склад со ракети во близина на јеменската престолнина.

  • Македонија 31.03.2015 11:10

    Завршува забраната за движење на тешки товарни возила во Скопје

    Завршува забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачје на градот Скопје, односно на оние возила чијашто најголема дозволена маса надминува 15 тони, информираат од Град Скопје.

Pages