Анализата на индексот на глобална конкурентност на 10 земји од регионот во периодот од 6 години покажува дека најголем напредок направила Македонија. Ако во 2008-ма до 2009-та земјава се наоѓала на 89-то место, веќе во 2014-та е на 63-то, односно ја подобрила позицијата за 26 места.
Вести
-
Економија 23.02.2015 15:52
-
Култура 23.02.2015 15:43
Старото битолско јадро ќе биде прогласено за културно наследсво
Во завршна фаза е новиот закон со кој старото јадро на Битола ќе биде прогласено за културно наследство- беше главната порака на министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, при посетата на градот кој сам посебе наликува на еден голем отворен културно- историски музеј.
-
Македонија 23.02.2015 15:00
Битола: 30 дневен притвор за седум лица учесници во три различни кривични постапки
Полни раце работа во изминатиов викенд за битолските истражни органи: 30 дневен притвор заработи 58 годишен битолчанец за сомнение дека сторил полов напад врз малолетник.
-
Македонија 23.02.2015 14:53
Македонија и Хрватска ќе соработуваат во областа на образованието
Програма за соработка во областа на науката, технологијата и образованието за наредниот тригодишен период потпишаа министерствата за образование на Македонија и Хрватска.
-
Македонија 23.02.2015 14:44
Метео
Утре во поголем дел од Македонија ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и со повисока дневна температура која што ќе достигне до максимални 14 степени.
-
Македонија 23.02.2015 14:13
Започнува исплатата на парична помош за штетите од невремето во Дојран
Општина Дојран во следните 30 дена ќе им исплати парична помош на земјоделците и семејствата кои претрпеа штети од невремето што ја зафати општината во јуни 2014-та година.
-
Македонија 23.02.2015 14:06
Иванов се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Лукшиќ
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Игор Лукшиќ, потпретседател на Владата и Министер за надворешни работи и евроинтеграции на Црна Гора.
-
Свет 23.02.2015 13:11
Грција треба да објасни како ќе штеди во иднина
Грчката влада до вечерва треба да им го објасни планот за мерки за штедење на министрите за финансии од Еврозоната, којшто ако биде прифатен, ќе биде основа за продолжување на кредитната помош за земјата во следните четири месеци.
-
Македонија 23.02.2015 13:06
Европските пратеници за македонскиот јазик
Хорди Себастиа во пратеничкото прашање упатено до Европската комисија, нагласува дека „целиот овој проект“ за дијалектите на бугарскиот јазик, во и надвор од границите на Бугарија, „има многу малку врска со науката и тој јасно ја промовира застарената бугарско ултра-националистичка идеологија“.
-
Македонија 23.02.2015 12:54
Попоски-Лукшиќ: Македонско - црногорската соработка пример за регионот
Македонија и Црна Гора со заедничко конзуларно претставништво во париз. Ова е еден од договорите кој денеска беше потпишан меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски, и неговиот гостин од Црна Гора, министерот Игор Лукшиќ.










