Вести
-
Економија 29.12.2014 15:56
Раст од 2,2% на просечната нето плата
Просечната нето плата исплатена по работник во октомври 2014 година изнесува 21.717 денари и во однос на октомври 2013 година бележи пораст од 2,2 отсто. -
Култура 29.12.2014 15:41
Канческа- Милевска: 2014-та беше година на културата
Се отвори новиот Археолошкиот музеј, Велес доби нова театарска куќа, реализирани се уште низа проекти. 2014- та мина успешно – оцени министерката Канческа.
-
Македонија 29.12.2014 15:24
Метео
Утре во Македонија се очекува променливо облачно и многу студено време со умерен до засилен северен ветер особено на планинските предели.
Во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.
-
Македонија 29.12.2014 15:23
Поквалитетни решенија за лицата со траен инвалидитет
ФЗОМ најави поквалитетни решенија за лицата со траен инвалидитет. Од идната година ќе можат да земат електромоторна инвалидска количка на товар на Фондот.
-
Македонија 29.12.2014 14:56
Се санираат дефектите во енергетската мрежа
Поради обилните врнежи од снег и ветерот, дистрибутивната мрeжа на ЕВН Македонија во регионот на Дебар, Струга и Охрид претрпе големи штети.
-
Македонија 29.12.2014 14:44
Расте довербата кај граѓаните за полициското работење
Сѐ поголема доверба кај граѓаните за полициското работење покажува последното истражување на Агенцијата „Рејтинг“ и на ОБСЕ.
-
Свет 29.12.2014 14:25
Предвремени парламентарни избори во Грција
Предвремените парламентарни избори во Грција се извесни откако грчкиот Парламент не му ја даде поддршката од 180 гласови на единствениот кандидат Ставрос Димас ни во третиот изборен круг.
-
Свет 29.12.2014 13:49
Пронајдени можни остатоци од исчезнатиот авион на „Ер Азија“
Најдени се можни остатоци од исчезнатиот авион на „Ер Азија“. Ги забележал австралиски авион во Јаванското море, над илјада километри од последната позната локација. Во моментов потрагата е насочена кон таа локација.
-
Свет 29.12.2014 13:46
Уште 120 лица чекаат спас на запалениот грчки траект
Уште 120 луѓе чекаат да бидат спасени од запалениот грчки траект во Јадранското Море. Грчките медиуми известуваат дека веќе 4-ца патници не го преживеале кобното патување. Првата група од 50-тина спасени веќе стапна на италијанско копно во Бари.
-
Економија 29.12.2014 13:35
Бензините и дизелот поевтинуваат за 3,5 денари
Ново намалување на цената на бензините. Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 3 ипол денари, а на екстра лесното масло за домаќинство три денари.










