Вести
-
Македонија 30.12.2014 17:17
Метео
Утре претпладне ќе биде облачно со слаб снег во јужните и југо-источните делови од земјава, а попладне врнежите ќе престанат, ќе има и намалување на облачноста со ветер. -
Свет 30.12.2014 17:15
Инцидент во грчки води: Брод со 700 мигранти бара помош поради вооружени лица
Нова поморска драма во Јонско Море, јавува дописникот на МРТ од Атина. Молдавскиот товарен брод Блу Скај кој што пловел кон Риека, близу до Корфу испратил СОС сигнал дека е киднапиран од вооружени лица.
-
Македонија 30.12.2014 17:13
Објавувањето трудови на „Веб од сајнс“ треба да биде престиж, а не страв
„Веб оф сајнс“ е најпрестижната база на научни трудови и е едно од мерилата за успешност на универзитетските професори. Оваа база на која се објавуваат научните истражувања е модел за вреднување на трудовите во сите развиени земји. Така е и во соседството.
-
Македонија 30.12.2014 16:57
Со хеликоптер извлечени тројца завеани од струшко ’Ржаново
Денес на пладне хеликоптерската единица на МВР и Центарот за справување со кризи од Струга ги извлекоа тројцата завеани во селото Ржаново.
-
Македонија 30.12.2014 16:53
На животните во скопската Зоолошка градина им е удобно и во зима
И на температури под нулата, разиграни, весели и секогаш расположени за гости. Животните во Зоолошката градина уживаат во снежната идила. Сибирските тигри го сакаат снегот. Не се плашат ниту од – 40 степени, тоа е температурата во нивните природни живеалишта.
-
Македонија 30.12.2014 16:47
Охрид- хит дестинација за Белграѓани за дочек на Нова Година
И покрај кризата, граѓаните и годинава не штедеа на аранжманите за новогодишните празници. Така сите аранжмани за Виена, Будимпешта, Прага и како што пренесуваат медиумите, за нашиот Охрид, се веќе распродадени. -
Економија 30.12.2014 16:42
НБРМ: Економијата и натаму ќе расте
Домашната економија ќе расте, но со малку забавена динамика – покажуваат најновите податоци на Народната банка.
-
Македонија 30.12.2014 16:31
Прилепчани со големи очекувања влегуваат во Новата година
Елка, блескави светилки, уште посветли желби и надежи. Прилеп празничен за Нова Година. Граѓаните расположени за домашна атмосфера и заедничко дружење.
-
Свет 30.12.2014 16:31
Европа: Студеното време одзема животи
Петмина бездомници починале од студ во Франција, по студениот бран што ја зафати земјата во последните неколку дена. Меѓу починатите има и еден белгиец којшто живеел во шатор со неговата мајка.
-
Економија 30.12.2014 15:55
Задолжницата останува на доброволна основа
Нема задолжителната задолжница за зделките вредни повеќе од 5.000 евра. Владата позитивно одговори на барањата на бизнис – секторот, испорачани преку допис потпишан од трите стопански комори.










