Студентите кои годинава се запишаа на медицинските факултети на крајот на втората и на четвртата година ќе полагаат државен испит. Законот донесен пред две години стапи во сила. Тестирање во високото образование е механизам за ист квалитет на знаење, смета министерот за здравство Тодоров.
Вести
-
Македонија 07.10.2014 16:13
-
Македонија 07.10.2014 16:05
Иднината на Македонија во искуството на возрасните и ентузијазмот на младите
Со мудроста и искуството на возрасните и ентузијазмот на новите генерации Македонци се почитува минатото, се живее сегашноста и се гради иднината, констатираат оние кои биле дел на бурни настани кога се градела македонската држава која, само во народното востание дала 20 000 жртви.
-
Економија 07.10.2014 15:40
34 илјади граѓани побарале спас од натрупаните долгови
Понеделник е последниот ден до кога граѓаните од ранливите категории можат да побараат простување на долговите. Рокот нема да се продолжи! Комисијата веќе ја разгледува досега поднесената документација, го проверува секое барање дали е во ред.
-
Економија 07.10.2014 15:38
Пругата Куманово- Бељаковце ќе биде завршена до 2017-та
Делницата Куманово-Бељаковце ќе чини околу 40 милиони евра. Ќе биде завршена до 2017-та година. Директорот на Македонски железници, Ирфан Асани, изврши увид на терен.
Извршена е целосна демонтажа на старата пруга. Ќе почне поставувањето на сигнализацијата и на телекомуникациите.
-
Македонија 07.10.2014 15:37
Продолжува меѓусебната поддршка на Македонија и Црна Гора
Добри политички односи и простор за развивање на економските релации. Ова е заклучокот од претпладневната средба во Подгорица на министрите за надворешни работи на Македонија и Црна Гора, Никола Попоски и Игор Лукшиќ.
-
Економија 07.10.2014 15:31
Либерализираниот пазар ќе достигне 60 % од вкупната потрошувачка на струја
До средината на ноември повеќе од 70.000 компании треба да изберат снабдувач меѓу седумте регистрирани компании со лиценца и да склучат договор. Тие ќе ги снабдуваат со електрична енергија од нова година, кога почнува третата фаза од либерализацијата на пазарот со струја.
-
Македонија 07.10.2014 15:18
Македонија ги исполнува критериумите, процесот на проширување на ЕУ не смее да запре!
Утре во 14 часот и 30 минути комесарот за проширување на Европската унија во заминување, Штефан Филе, ќе ги објави прогрес- извештаите на земјите кандидатки за членство во Европската Унија.
-
Македонија 07.10.2014 14:54
Земен примерок за ДНК анализа од родителите на Дениса
Се уште не се знае дали женскиот труп пронајден во водите на Егејскот море во близина на островот Карпатос е на Дениса Маркоска која изчезна на бородот Серенисима.
-
Македонија 07.10.2014 14:52
По случајот со ебола во Шпанија, Македонија презема засилени заштитни мерки
По вчерашниот нов регистриран случај на ебола во Шпанија и најавата дека болеста ќе се шири кон Франција, Македонија превзема засилени заштитни мерки препорачани од Светската здравствена организација.
-
Свет 07.10.2014 14:47
Мексиканските федерални агенти ја преземаа власта во Игуала
Мексикански федерални агенти ја разоружаа полицијата и ја презедоа власта во Игуала. Акцијата е спроведена само неколку дена откако беше откриена масовна гробница во која се верува дека се закопани 28 од 43-ца студенти исчезнати во мафијашка пресметка.










