Вести
-
Македонија 02.08.2014 09:54
Македонија чествува 111 години од Илинденското востание и 70 години од АСНОМ
Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски ќе се обрати на централната свеченост во Крушево. -
Македонија 01.08.2014 18:38
Иванов: Сите граѓани треба да го градат македонскиот модел на соживот
„Атина не придонесува за да се надмине спорот со името“ , одговара Шефот на државата на прашањето за разговорите меѓу Македонија и Грција.
-
Свет 01.08.2014 18:32
Силен земјотрес го погоди Алжир
Шест луѓе загинаа, над 380 се повредени во земјотрес со интензитет од 5.5 степени според Рихтер кој го погоди главниот и неколку крајбрежни градови во Алжир. Неколкумина од повредените се во критична состојба .
-
Култура 01.08.2014 17:35
„Вока пипл“ вечерва на „Охридско лето“
Уште една атракција на програмата на Охридско Лето 2014, со вечерашниот перформанс на „Вока Пипл“ од Израел на сцената на Античкиот театар. „Вока пипл“ акапела составот презентираат музичка комедија која комбинира восхитувачки и неверојатни вокални звуци. -
Македонија 01.08.2014 17:34
Протест на СОНК, професорите го прекинаа штрајкот со глад
СОНК одржа предупредувачки протест пред Министерството за образование во знак на поддршка на професорите кои штрајкуваат со глад.
-
Македонија 01.08.2014 17:24
Зголемена фрекфенција на патници на Табановце
Од патниците кои влегуваат во државата претежно се македонски државјани кои работат во Европска Унија и дел странци кои ги користат годишните одмори. Најголем дел од македонците одморите ги споија за да бидат во државата за прослвата на Илинден.
-
Македонија 01.08.2014 17:02
70 години од АСНОМ одбележани во МАНУ
Илинеден 903-та, АСНОМ 44-та и 8-ми Септември 91-та, се потврда за грандиозниот историски подвиг на еден мал народ изложен во историјата на најжестоки негирања и прогони, да се носи успешно со предизвиците- дел од обраќањето на претседателот на МАНУ на свечен
-
Свет 01.08.2014 16:47
Експлозија на гас во Тајван, 24 загинати
Се зголеми бројот на жртвите од експлозиите од истечен гас во Тајван. 24-четворица загинаа, а 270 се повредени.
„Во моментов шест лица се во критична состојба и се на интензивна нега. На дел од повредените треба да им се изврши хируршка интервенција, вели доктор.
-
Македонија 01.08.2014 16:41
Почнува кампања „Пријавете пари“
Цариниците откриле вкупно 1.800.000 евра во 29 обиди за нелегално пренесување на пари од почетокот на годинава. Најчесто странски државјани влегуваат во земјава со непријавени чекови. Обврската тие да бидат пријавени е поради борбата против перење пари и финансирање на тероризам.
-
Економија 01.08.2014 16:41
НБРМ: Колекционерски монети за нумизматичарите од целиот свет
Народната банка почна со издавање на првите колекционерски монети кои ќе се нудат на нумизматичарите низ целиот свет. Монетите се наменети за европскиот пазар.









