Вести

  • Свет 26.07.2014 18:41

    Двојно убиство во Осијек

    Двајца убиени во близина на трговски центар во Осијек. Полицијата не потврдува, но изгледа напаѓачот држи заложници. Локалот е опколен и во неколку наврати дојде до размена на оган.

    Во тек се преговори. Неофицијално мотивот е љубомора, напаѓачот ја застрелал женаси и уште еден гостин.

  • Македонија 26.07.2014 18:30

    „Од сон до сонце“- мото на годинешното одбележување на 2 Август

    „Од сон до сонце“ е мотото под кое оваа година ќе биде одбележан најголемиот македонски празник 2 Август на кој се слави јубилеј 70 години АСНОМ и 111 години од Илинденското востание.

  • Култура 26.07.2014 18:21

    Настап на виолинист од Хрватска

    Мега популарниот хрватски пијанист Максим Мрвица, кого го нарекуваат „пијанистичко чудо од Шибеник“ е уште една светска звезда по која ќе се памети 54-тото издание на Охридско лето.

  • Македонија 26.07.2014 18:12

    Нов случај на заболен од листерија

    Уште еден пациент од Тетово заболен со бактеријата листерија е хоспитализиран на Инфективната клиника. 48 годишниот маж од Тетово е во стабилна состојба, веста ја објави министерот за здравство.

  • Македонија 26.07.2014 18:07

    Мобилни полициски станици во Ѓорче Петров

    Во „соседски патроли“, две мобилни полициски станици и една пешачка се упатија до нај оддалечените населени места во општина Ѓорче Петров. Полицијата и локалните власти во поинтензивни контакти со населението ќе превенираат за поголема безбедност на граѓаните.

  • Економија 26.07.2014 17:52

    Усвоен ребалансот на буџетот

    Една милијарда и 43 милиони денари пари од ребалансот на буџетот ќе се насочат за поинтензивна градба на Коридорот 10 и  за социјалните примања рече вицепремиерот и министер за фимнансии  Зоран Ставрески. Мини ребалансот изнесува 2 проценти од вкупните приходи и расходи.

  • Култура 26.07.2014 17:01

    Кисела Вода - Се затвора културното лето “Три круши 2014”

    Вечерва, со два концерта, се затвора културното лето на општина Кисела Вода “Три круши 2014”,  кое во изминатиот месец се одвиваше на истоимената локација.

  • Македонија 26.07.2014 16:33

    На Табановце се делат информативни флаери за странците

    Флаери со карта и преглед на патарините со износот на цените, на граничните премини им се делат на патниците кои влегуваат во државата. Возачите добиваат информација дека на наплатните станици во Македонија, патарината се наплаќа во денари, евра, или со платежни картички.

  • Култура 26.07.2014 16:25

    Завршува фестивалот на античка драма „Стоби 2014“

    Извонредно сценски осмислена публиката за прв пат имаше можност преку една сосема поинаква игра да ја доживее Медеја.

  • Свет 26.07.2014 16:15

    Француската војска се распоредува околу местото на несреќата на авионот на „Ел Алжир“

    Француската војска објави видео снимка со распоредување на француските сили во Африка околу местото на несреќата на авионот на „Ел Алжир“, во регионот Госи во Мали. Во оваа несреќа загинаа 51 француски државјанин од вкупно 118 патници и членови на екипажот.

Pages