И покрај најавеното дванаесет часовно примирје, на што се согласи Израел по посетата на државниот секретар Џон Кери, продолжија борбите во Појасот Газа. Тие се прелеваат на Западниот Брег кадешто во Бетлеем се судрија израелските воници и Палестинците.
Вести
-
Свет 26.07.2014 16:06
-
Македонија 26.07.2014 15:55
Мементо за земјотресот во Скопје
На 26-ти јули 1963 година, Скопје беше разбудено од силен татнеж, крцкања, кршења, уривања. Големата катаклизма го урна овој прекрасен град и го направи прав и пепел. Денеска 51 година по катастрофалниот земјотрес Скопје се сеќава.
-
Македонија 26.07.2014 15:44
Владата ја усвои програмата за одбележување на 2 Август
Она што го изградиле нашите предци е најцврстиот темел врз основа на кој што ја градиме нашата иднина, сонот за којшто тие се бореа е слободата којашто ја живееме сите ние денеска.
-
Култура 26.07.2014 15:33
Сеќавање на Илинденците во Крушево
Започна историскиот времеплов во Крушево. Градот по 6-ти пат се врати во времето на Илинденците. Низ Крушево се рашетаа комитите, турците, чорбаџиите. На терасите се извадија црвените јамболии, симболот на револуцијата, но овој пат, борбата е за привлекување повеќе туристи.
-
Економија 25.07.2014 20:11
„Монтанте Груп“ во Македонија препозна најдобри услови за инвестирање
Италијанската мултинационална компанија Монтанте Груп ќе гради фабрика за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила во Македонија. Ќе инвестира 10 милиони евра. За почеток ќе вработи 100 луѓе.
-
Свет 25.07.2014 19:58
Нови инциденти и несреќи во авиосообраќајот
Авионот кој се движеше на релација Буркина Фасо- Алжир се урна на многу непристапен терен на северот од Мали. Во леталото имало 51 француски државјанин, претседателот Оланд ја потврди информацијата.
-
Култура 25.07.2014 19:49
Максим Мрвица во Македонија
Мега-популарниот пијанист Максим Мрвица пристигна попладнето во Македонија. Ќе биде гостин на престижната манифестација Охридско лето.
Хрватскиот пијанист свири на пијано од својата девета година. Досега има снимено десетина албуми за ЕМИ класикал.
-
Свет 25.07.2014 17:02
Бан Ки-мун апелира за прекин на судирите меѓу Израел и Хамас
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денес упати апел до Израел и Хамас да ги прекинат судирите и остро да го осудат гранатирањето на училиште на ОН во Газа.
-
Македонија 25.07.2014 16:55
Повредените се борат за живот, во тек е истрага за експлозијата во Сопиште!
Тешка и неизвесна е здравствената состојба на тројцата повредени во вчерашната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопишите. Со изгореници на 90 проценти од телото, приклучени на апарати за дишење, се борат за живот.
-
Македонија 25.07.2014 16:49
Кривична пријава против непознат сторител за случајот со бактеријата листерија
Кој е виновен што се најде храна со бактерија на трпезите на граѓаните? Која алка попуштила во системот, ќе утврдуваат истражните органи по кривичната пријава против непознат сторител што ја поднесе Министерството за здравство.










