Вести
-
Македонија 24.07.2014 10:58
Нимиц: Очекувам голем напредок
Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина наредната недела, изјави за програмата „Гласот на народот“ посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц. -
Македонија 23.07.2014 20:12
Заврши увидот за хеликоптерската несреќа во Струмица
Увидот за несреќата со полицискиот хеликоптер кај Струмица е завршен, соопшти министерката Јанкуловска. Како што рече, по наредба на јавен обвинител, остатоците од хеликоптерот и од антената во којашто удрил се зачувани во два посебни хангари.
-
Македонија 23.07.2014 19:58
Бугарија ја условува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО?
Ако се затвори спорот со името чист ќе биде патот на Македонија кон меѓународните институции. Ваква оценка даваат бугарски аналитичари откако официјална Софија вчера ја потврди позицијата – без договор за добрососедство нема поддршка за членство на Македонија во Унијата и во НАТО.
-
Свет 23.07.2014 19:49
Невремето и тајфунот можна причина за падот на авионот во Тајван
Информацијата за новата авионска несреќа во Тајван го окупира светското внимание.
-
Економија 23.07.2014 17:05
Сериозно придвижување на економијата
Индустријата бележи добри економски резултати. Растот на прометот во месец мај во споредба со истиот период лани е зголемен за 9,5 проценти. Сумирано за првите првите пет месеци годинава споредено со петте месеци од 2013 растот е зголемен за 9,9 проценти.
-
Македонија 23.07.2014 17:00
Продолжува шртајкот со глад на СОНК и тројцата професори
СОНК и тројцата професори го продолжуваат штрајкот со глад, иако Ректорот на штипскиот универзитет понуди транспарентно решение, професорите да го одберат тимот кој ќе оцени дали ги задоволуваат нормите да бидат унапредени во повисоко звање.
-
Свет 23.07.2014 16:45
Се урна авион на Тајван, загина 51 патник
Вест за нова авионска несреќа го обиколува светот. Во обид да слета принудно, се урна авион на компанијата „Трансазија“ во Тајланд. Загинаа 51 патник и член на екипажот, седуммина се тешко повредени. Не се познати детали за несреќата, најверојатно се работи за авион АТР-72, на локален лет.
-
Македонија 23.07.2014 16:40
Жена е четвртата жртва на бактеријата листерија
55-годишна пацинетка повеќе од еден месец била на интензивна нега. Таа е четвртата жртва на оваа бактерија, од вкупно седум регистрирани случаи.
-
Македонија 23.07.2014 16:35
Софистицирана метереолошка опрема за параглајдеристите
Зпочна проектот за обележување на главните полетувалишта за параглајдери во Македонија. Денес Крушево се опреми со софистицирана метереолошка опрема, која на параглајдеристите ќе им заштеди време и пари и ќе можат преку интернет да проверат какво е времето таму и дали може да се лета.
-
Култура 23.07.2014 16:27
„Златна Камера 300“ за оскаровецот Крис Менџис
Живата легенда на светската кинематографија и двократен оскаровец, 74 годишниот англичанец Крис Менџис е добитникот на наградата за животно дело „Златна Камера 300“ за претстојното 35-то издание на ИФФ „Браќа Манаки“.








