Вести
-
Свет 17.04.2014 10:10
Студент закла петмина колеги
Во канадскиот град Калгари, студент со кујнски нож уби петтмина свои колеги за време на куќна забава по повод крајот на последниот семестар. -
Свет 17.04.2014 10:02
Сеуште трае потрагата по исчезнатите од потонатиот траект во Јужна Кореја
Родителите на исчезнатите ученици за кои се претпоставува дека се заробени во потонатиот траект во близина на брегот на Јужна Кореја, не губат надеж. Официјално до сега има 9 жртви, 174 се спасени, а 280 се водат како исчезнати, по коишто продолжува потрагата.
-
Свет 17.04.2014 10:01
Претседателски избори во Алжир
Во Алжир денеска се одржуваат претседателски избори на коишто фаворит е досегашниот шеф на државата Абделазиз Бутефлика. Повеќе од 260 000 полицајци денеска се распоредени низ целата земја за да обезбедат безбедно гласање за 23 милиони гласачи на 50 000 избирачки места.
-
Свет 17.04.2014 09:58
Денеска во Женева ќе се разговара за смирување на кризата во Украина
Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков соопшти дека украинските сили убиле тројца, а раниле 13 напаѓачи на истокот на земјата. Според првите податоци, приведени биле 63 лица.
-
Македонија 17.04.2014 09:49
Оризот годинава на помали површини
Почна сеидбата на оризот, но поради сушата желбите на производителите нема да се остварат.
-
Македонија 16.04.2014 17:07
Новите возила и опремата- клучни за успехот на интервенциите на брзата помош
Од промената на времето најмногу страдаат хронично болните. Дождливото време го зголеми број на повици. Екипите на итната медицинска помош дневно интервенираат кај 130 пациенти. Навреме стигнуваат со новите возила.
-
Свет 16.04.2014 17:04
Руски медиуми: Неуспех на воената операција на истокот на Украина
Руските медиуми соопштуваат за неуспех на воената операција на истокот на Украина. Во Краматорск војниците од воените транспортери преминале на страната на проруските демонстранти. Заземени се и тенковите во Славјанск и Донецк.
-
Култура 16.04.2014 16:46
Главна награда за „Влакна“ за кусометражен филм во Хјустон
Краткиот филм „Влакна“ ја доби наградата „Gold Remi“ во категоријата краток трилер-мистерија на 47-то издание на фестивалот „Ворлдфест Хјустон“ во Хјустон, Тексас во САД.
-
Македонија 16.04.2014 16:25
Од наредната година поливалентни вакцини за македонските деца
Од 2015 се воведуваат поливалентните вакцини,што значи дека дечињата наместо неколку пати за повеќе вакцини од календарот за имунизација, ќе ги добијат наеднаш со едно боцкање.
-
Македонија 16.04.2014 16:11
Нови 100 додипломци и магистри на филолошките науки
100 додипломци и магистри ги добија своите дипломи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Новите високо образовани кадри, знаењето го црпеле од 21 катедра на првиот, и на 6 катедри од вториот циклус на студии.










