Вести

  • Свет 05.03.2014 15:21

    Никој не сака војна во Украина

    Москва и Киев согласни за две работи – ситуацијата на Крим е закана за целиот свет и никој не сака војна. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот дека дава лош пример охрабрувајќи ги украинските демонстранти неуставно да ја преземат власта.

  • Свет 05.03.2014 15:20

    Бомбашки напади во Багдад

    Најмалку 12 лица загинале а околу 60-ина се ранети во 9 бомбашки напади во Багдад. Во шест претежно шиитски области на главниот град експлодирале 7 автомобили бомби. За сега никој не ја презел одговорноста за нападот.

  • Македонија 05.03.2014 15:05

    Младите најмногу му веруваат на радиото

    Младите малку веруваат на содржините кои се пласираат на медиумите, а најмногу му веруваат на радиото, покажуваат денеска презентираните резултати од истражувањето насловено „Млади и медиуми“ спроведено во Македонија од Младински обраовен форум и Фондација Ме
  • Македонија 05.03.2014 14:42

    Со гасификација Клинички штеди 140.000 евра месечно

    Како резултат на затоплување на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“- Скопје, со гас, наместо со мазут, месечната заштеда на средства изнесува околу 140.000 евра, соопшти денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

  • Македонија 05.03.2014 13:55

    Собранието се распушти, избори на 27-ми април

    Собранието на Република Македонија на денешната 87-та седница со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав. 
     
  • Македонија 05.03.2014 13:17

    Крадец олеснил оператор

    Криминалец познат на полицијата и судовите, фалсификувал потврда за вработување со што склучил стандарден претплатнички договор со Т-мобиле Македонија,  со кој потоа го олеснил операторот за 3 илјади  и двесте евра во неплатени сметки. 

  • Македонија 05.03.2014 13:14

    Груевски на средба со заменик- претседателот на компанијата KPME

    Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со г-дин Генадиј Сичов, заменик претседател на компанијата „Konstantinovsky Plant of Metallurgical Equipment” (KPME).

  • Економија 05.03.2014 12:42

    Продолжуваат со инвестициските презентации во САД

    Делегацијата во соработка со регионалната стопанска комора на Јангстаун, ги претставува инвестициските поволности кои ги нуди нашата држава пред претставници на компании кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа.

  • Македонија 05.03.2014 12:28

    Регионален проект за Промовирање на родово одговорни политики во ЈИЕ во општина Ѓорче Петров

    Општината Ѓорче Петров  почна нова фаза од проектот на „UN Woman- Промовирање на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ во времетраење од три години кој ќе се имплементира благодарение на  поддршката од Австриската Развојна Агенција и Швајцарската Агенција за Развој и Соработка.

  • Македонија 05.03.2014 12:25

    Македонски наставници на светскиот образовен натпревар на Мајкрософт

    За да се препознаат и наградат достигнувањата на иновативните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал, од 11 до 14 март во Барселона ќе се одржи глобалниот едукативен натп

Pages