Вести

  • Економија 27.12.2013 13:33

    Растат депозитите и кредитирањето

    Компаниите  се носители на зголемувањето на депозитите, за разлика од претходните квартали кога домаќинствата беа доминантни. Тие пак се раздвижувачите на кредитирањето. Нефункционалните кредити се намалуваат.

  • Свет 27.12.2013 12:39

    Експлозија во трговски центар во кинески Сечуан

    Четири лица загинаа, а 40-мина се повредени во експлозија предизвикана од пожар во трговски центар во јужната кинеска провинција Сечуан. Вкупно 28 пожарникарски апарати го гаснеле пожарот којшто се уште не е ставен под контрола. Според официјалните лица, причинета е голема материјална штета.

  • Македонија 27.12.2013 12:10

    Реконструкција на пазарот во Битола

    Заврши првата фаза од реконструкцијата на градскиот пазар. Централниот дел на Битолската чаршија доби современ покриен простор во кој се сместени 90 модерни тезги. Двојното зголемување на тезгите е резултат на планското икористување на просторот.

  • Македонија 27.12.2013 12:01

    Oсветлување на влезот во Тетово

    Безбедноста во сообраќајот значително ќе се подобри со осветлувањето на клучките за влез во градовите. Во овој период се работи на повеќе локации. Од Јавното претпијатие за државни патишта најавуваат амбициозна програма и за следната година.

  • Свет 27.12.2013 11:14

    Напад врз редакцијата на подгорички „Вијести“

    Експлозив со голема разорна моќ е фрлен синоќа врз редакцијата на дневникот „Вијести“ во Подгорица. Направата била фрлена под прозорецот на канцеларијата на главниот уредник, којшто во моментот бил во зградата.

  • Култура 27.12.2013 11:07

    Танц со ѕвездите 2

    Продуцентите на големо ја најавуваат грандиозноста на проектот. Од сценографија , светло камери , па се до жирито и учесниците , се внимава  и на најмалиот детаљ. Втората сезона на танцот со ѕвездите во поинакво руво .

  • Свет 27.12.2013 10:53

    Во екплозија во Бејрут убиен поранешен министер и член на опозицијата

    Силна експлозија изутрината ја потресе престолнината на Либан, Бејрут.

  • Свет 27.12.2013 10:11

    10 министри сменети во Турција

    Турскиот премиер Ердоган смени 10 министри од својот кабинет како последица на големиот корупциски скандал што ја потресе земјата, и поради кој тројца министри си поднесоа оставки.

  • Македонија 26.12.2013 17:30

    Протести за струја

    И градоначалникот на Чаир остана без струја откако неколкумина насилно влегле во трафостаница за да ја пуштат. Наместо тоа ги исклучиле и нивните соседи.

  • Свет 26.12.2013 17:15

    Во Украина протести поради бруталниот напад врз новинарката Чорновол

    Стотици Украинци излегоа на протести пред Министерството за внатрешни работи во Киев за да бараат оставка од министерот за внатрешни работи Виталиј Зaхаренко.

Pages