Македонија доби нови амбасадори во Србија и во Ватикан. Вера Јовановска Типко ќе ја претставува земјава во Белград. Иако нема дипломатско искуство, рече дека е убедена оти може да ги усоврши добрососедските односи.
Вести
-
Македонија 27.12.2013 20:17
-
Македонија 27.12.2013 19:56
Се подновува железничкиот Коридор 10
Започна реконструкцијата на железничка делница Ногаевци - Неготино. Ќе се модернизира 31 километар од Коридорот 10. Вкупната инвестиција на оваа трета фаза е 9,5 милиони евра, средства обезбедени од Европската банка.
-
Македонија 27.12.2013 19:29
Реформите и професионалноста-двигател на МРТ
69 години буден информатор за настаните. 69 години магнет за слушателите и 49 години за гледачите. Македонската радио-телевизија пред седумдеценискиот јубилеј без ниту ден починка.
-
Македонија 27.12.2013 17:53
3.1 милион денари за воведувањето на Халал стандардот во десет компании
Бизнисмените кои што сакаат да го зголемат извозот и да бидат присутни на трети пазари каде што услов е ХАЛАЛ стандардот, прво ке треба да ја соберат потребната документација. Следен чекот е да се јават на огласот кој почнува на 27 јануари идната година.
-
Македонија 27.12.2013 15:51
Македонија и Србија - заеднички контакт-центар
Утре, министерката за внатершни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска и премиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ, ќе присуствуваат на отворањето на заедничкиот контакт-центар на граничниот премин Табановце.
-
Македонија 27.12.2013 14:48
На Блаце се зголеми пропусната моќ
Со реконструкцијата на граничниот премин Блаце се надмина тесното грло во протокот на сообраќај и размената на стоки и услуги. Во текот на годинава, овој граничен премин во двата правца го минале скоро два милиона луѓе .
-
Македонија 27.12.2013 14:35
Од штала во прилепско украдени 1,2 тони тутун
Еден тон и двесте килограми тутун се украдени на Прилепчанец ноќта меѓу 25 и 26 декември. Четириесет годишниот тутунар Мите Димоски констатирал дека му го нема родот од шталата во месноста Ѓумушица кај Прилеп кога изутрината дошол и видел дека се скршени катанците.
-
Македонија 27.12.2013 14:09
Нов закон за спречување и заштита од семејно насилство
Построги казни за насилниците во семејството, преместување на сторителот од домот, а не на жртвите како досега, се дел од мерките што треба да ги содржи новиот Закон за спречување и заштита од семејно насислтво.
-
Економија 27.12.2013 13:46
Фонд за воведување на Халал стандарди
Со 3,1 милиони денари ќе се финансира воведувањето на ХАЛАЛ стандардите во 10 компании кои ќе се пријават на јавниот оглас на Министерството за економија. Почнувајќи од 27-ми јануари,ќе треба да ја достават потребната документација.Според ресорниот министер Ваљон Сараќини ова ќе им овозможи зг
-
Економија 27.12.2013 13:33
Растат депозитите и кредитирањето
Компаниите се носители на зголемувањето на депозитите, за разлика од претходните квартали кога домаќинствата беа доминантни. Тие пак се раздвижувачите на кредитирањето. Нефункционалните кредити се намалуваат.





