Индија
Во железничка несреќа на југот на Индија загинаа најмалку 26 луѓе поради пожар кој избувнал во воз. Меѓу загинатите има и две деца. Портпаролот на индиската железница изјави дека во возот имало 67 патници, а поголемиот дел од жртвите починале поради задушување од чад.


