Вести
-
Македонија 15.09.2024 13:53
-
Економија 15.09.2024 12:58
Потребна нова стратегија за развој на туризмот во Охрид
Наместо масовен, потребен е одржлив туризам. Охрид треба да работи на привлекување на еколошки свесни и културни гости. Главните адути на градот под капа на УНЕСКО, треба да бидат уникатното културно историско богатство и ретките природните убавини. Ова се препораките на експертската јавност.
-
Македонија 15.09.2024 12:28
Температурните разлики, причина за зголемен број интервенции во Итната помош
Намалувањето на температурите кое се случи наеднаш го зголеми бројот на интервенции во Итната помош. Здравствените работници од Куманово информираат дека деновиве пружаат помош на граѓаните при вртоглавици, зголемен притисок и други здравствени тешкотии особено кај хронично болните.
-
Свет 15.09.2024 12:10
Разорни поплави ширум Европа предизвикани од бурата „Борис“
Жителите на централните и источните делови од стариот континент на удар од климатските промени.
-
Македонија 15.09.2024 11:28
Изградбата на Чебрен, единствен спас за Мариово
Изградбата на хидроелектричната централа Чебрен и бројни манифестации можат да го вратат во живот големото Мариово. Децениското иселување, кое сега е и државен проблем, а и последниот пожар, го оставија Мариово на вечно чекање.
-
Македонија 15.09.2024 11:06
Неплодноста во пораст, опаѓа бројот на новороденчиња
Неплодноста е најсилниот сојузник на белата чума. Соочени сме со една застрашувачка општествена промена – падот на стапката на плодност, велат гинеколозите.
-
Свет 15.09.2024 10:54
Големи поплави по поројните дождови во централна и источна Европа
Поплавите ја пустошат централна и источна Европа. Состојбата е алармантна во повеќе области.
-
Свет 15.09.2024 10:25
Израелската војска пресретнала ракета земја-земја истрелана од Јемен
Израелската војска пресретнала ракета земја-земја која била истрелана од Јемен кон централниот дел на Израел. Во нападот нема жртви и не била причинета материјална штета, бидејќи ракетата паднала во ненаселена област.
-
Македонија 15.09.2024 09:44
Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолги задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти утринава АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 15.09.2024 09:15
Питомецот од Воената академија хоспитализиран со симптоми на труење, пуштен на домашно лекување
Питомецот од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ кој беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради симптоми на труење е пуштен на домашно лекување. Сè уште не се знае причината, но 20-тина негови колеги и офицери пријавиле мачнини и стомачни болки.










