Во Собранието јавна расправа за Предлог-законот за игри на среќа. Засегнатите страни со свои ставови и забелешки за предложените измени.
Борис Грујоски е во законодавниот дом.
Во Собранието јавна расправа за Предлог-законот за игри на среќа. Засегнатите страни со свои ставови и забелешки за предложените измени.
Борис Грујоски е во законодавниот дом.
Осумнаесет физички и осум правни лица се осомничени за проневера во службата и за перење пари. Приведени се 12-мина, а Фудбалската федерација на Македонија е оштетена за три милиони евра, во периодот од 2015-та до 2019-та година. Во моментов, осомничените се пред судија на претходна постапка.
Првите сигнали за реконструкција на Владата веќе се вклучени. Кој ќе остане, а кој ќе замине од министерските и директорските фотелји? Премиерот Мицкоски тврди дека добил информации оти дел од функционерите повеќе ги користеле привилегиите на власта отколку што работеле.
По повеќе од една година помината во притвор, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи се ослободени од притвор.
Во периодот од јуни 2025 до јуни 2026 година, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спровело над 700 домашни и меѓународни активности, меѓу кои носење на нов Закон за енергетика, усвојување на Интегрираниот национален план за енергија и клима и почеток на изградбата на гасн
Делегација составена од претставници на општините Битола, Кичево, Новаци, Демир Капија, Куманово и Вевчани оствари средба со директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) го објави најновото издание на Регистарот на е-трговци, со цел граѓаните полесно да проверат дали купуваат од регистрирани и доверливи онлајн продавачи.
Преговорите меѓу САД и Иран, закажани за денеска во Швајцарија, се одложени, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Белата куќа наведува дека причината се логистички околности, а американската делегација останува подготвена за средба штом се создадат услови.
Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари.
Во старата скопска чаршија денеска и утре ќе се одржат концерти од разни жанрови во рамки на третото издание на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“.