Денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025-2026 година за учениците во основното и во средното образование.
Полуматурантите овој месец почнуваат со запишување во средните училишта, а матурантите веќе почнаа со полагање на матурските испити.
Денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025-2026 година за учениците во основното и во средното образование.
Полуматурантите овој месец почнуваат со запишување во средните училишта, а матурантите веќе почнаа со полагање на матурските испити.
Собранието денеска ја започнува 104. собраниска седница, на чиј почеток како прва точка е интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
По повод 250 години независност на САД, американската амбасада и Бирото за сајбер простор на Стејт департментот се организатори на дводневна регионална конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“ во Скопје.
САД и Иран разменија оган по соборувањето на американскиот воен хеликоптер „Апачи“ во близина на Ормускиот проток, за што Вашингтон го обвини Техеран и нареди одговор. Погодени цели на иранската воздушна одбрана, станици за контрола на копнените зони и радарски локации за надзор.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Софија каде што треба да се одржи билатерална средба на највисоко ниво со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова.
Средбата се одржува на маргините на самитот на процесот за соработка во југоисточна Европа.
Лицата на возраст од 35 до 44 години се издвојуваат како најактивни корисници на платежни картички во Северна Македонија, покажуваат податоците на Народната банка за 2025 година.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трг
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, е суспендиран поради сомнежи за сексуални напади.