Финансиската полиција поднесе кривични пријави против поранешна министерка за култура, заменик-министер и државен советник за финансиски прашања во овој ресор. Се сомничат за несовесно работење во службата.
Вести
-
Македонија 28.12.2017 12:17
-
Свет 28.12.2017 11:42
Невреме во Грција, проблеми со морскиот транспорт
Во Грција се очекува нов бран невреме, проследено со дожд, ветер и снег на високите места. Ураган го блокира морскиот транспорт во Јонското Море.
Поради силните ветрови прекинато е движењето на фериботите кои се движат од Игуменица до островот Крф.
-
Свет 28.12.2017 11:11
САД- Јужна Кореја: Разговори за промена на договорот за слободна трговија
САД и Јужна Кореја на 5-ти јануари во Вашингтон ќе имаат разговори за Американско- јужнокорејскиот договор за слободна трговија. Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани со повлекување од договорот склучен во времето на поранешниот американски претседател Барак Обама.
-
Македонија 28.12.2017 11:06
Се намалуваат водостоите на реките
Водостоите на реките во Македонија се под просект за декември со исклучок на Црн Дрим на мерното место Ложани каде нивото е за речиси половина повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Македонија 28.12.2017 11:05
Активирани итните мерки против загадувањето на воздухот
Поради зголеменото аерозагадување во Скопје изминатите денови, на сила владините мерки и препораки- ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години и со хронична астма, со прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.
-
Култура 28.12.2017 10:32
„Полноќни огномети“ во Македонска филхармонија
Вечер во Македонската филхармонија ќе се одржи новогодишниот гала концерт , насловен како „Полноќни огномети“.
-
Македонија 28.12.2017 10:30
Продолжува судењето за случајот „Триста“
Во Кривичниот суд ќе се одржи рочиште за предметот „Триста“, што воедно ќе биде и последно судење за предмет на Специјалното јавно обвинителство за годинава. Обвинет е поранешниот помошник- министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за набавката на 300 возила во МВР.
-
Свет 28.12.2017 10:27
Перу: Оставки поради помилувањето на Фуџимори
Перуанскиот министер за култура Салвадор Дел Солар поднесе оставка од функцијата поради помилувањето на поранешниот претседател Алберто Фуџимори, осуден за злосторства против човештвото.
-
Македонија 28.12.2017 10:22
Окрупнување на земјоделското земјиште
На почетокот на спроведувањето на законот, консолидација на земјоделското земјиштето во двата пилот проекти, се соочи со одредени пречки кои ги онемозвожуваат активностите на терен.
-
Македонија 28.12.2017 09:20
Пратенички прашања во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува
Собранието ќе ја одржи последната седница годинава. На дневен ред се пратеничките прашања. Ова се вторите по ред пратенички прашања за премиерот Заев и за владините министри.










