Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2017година.
Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар.
Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2017година.
Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар.
Државната изборна комисија на денешната седница треба да ги разгледа и да одлучи по приговорите од подносителите на листи на кандидати во врска со гласањето на првиот круг на локалните избори.
Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.
ВМРО-ДПМНЕ со критики за извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори. Партијата смета дека е необјективен и не ја одразува фактичката состојба на изборите. Оттаму велат дека во документот не се посочуваат одговорните за нарушување на процесот.
Сончевото и топло време во Македонија продолжува и во текот на утрешниот ден. Топло ќе биде и во петок како и за време на викендот со надпросечни дневни температури.
Од понеделник се очекува зголемена облачност, врнежи од дожд и пад на температурите.
Приватниот сектор се воздржува од инвестиции, пад на произвоството и извозот ќе има сѐ додека фирмите не бидат сигурни дека политичките турбуленции ќе се смират.
Трудовата експлоатација во фокусот на одбележувањето на Европскиот ден на трговијата со луѓе. Недостига идентификацијата на жртвите, на која надлежните институции и невладиниот сектор треба да работат заедно. Во Република Македонија препознавањето на жртви е менливо.
Движењето БЕСА и партијата Алијанса за Албанците си дадоа поддршка во вториот круг од локалните избори. Потпишаа меморандум за соработка. Договорот предвидува движењето БЕСА да ги поддржи кандидатите на Алијансата во пет, и да добие повратна поддршка во седум општини.
Повторно да заживее трансплантацијата на бубрег од починат донор- побара Здружението на бубрежно болни граѓани на Европскиот ден на органодарителството. Велат, важно е да се воведат и нови лекови за пациентите, да се намали нивната цена или да бидат бесплатни.
Метеж и редици во центрите за јавно здравје. Десетици луѓе чекаат ред за да се вакцинираат. Еден од нив беше и 67- годишниот Љупчо од Скопје. Вели оти трета година по ред се имунизира и оти поради вакцината, грипот го одминува.