Пожарот кај скопско Кондово е целосно изгаснат, но локалните жители се уште се вознемирени. Во селото се чувствува силен мирис на изгорени дрвја.
Вести
-
Македонија 14.08.2017 11:12
-
Македонија 14.08.2017 11:03
Температурните разлики- проблем за хронично болните
Зголемен е бројот на повици на 194. Од Итната медицинска помош велат дека изминатите денови најголем проблем со промената на времето имале хронично болните, метеопатите, но и здравата популација ја чувствува промената.
-
Македонија 14.08.2017 10:57
Уписи на УКИМ во четврток и во петок
В четврток и петок почнува пријавувањето за упис во прва година на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
-
Свет 14.08.2017 10:50
Протести во Сиетл и други американски градови против омразата и расизмот
По насилствата на маршот на расистите и неонацистите во Шарлотсвил, протести против омразата и расизмот беа организирани во Сиетл и другите градови во САД.
-
Економија 14.08.2017 10:39
Претседателот Иванов го потпиша ребалансот на буџетот
Претседателот Ѓорге Иванов доцна синоќа во законскиот рок го потпишал указот на Законот за ребаланс на буџетот за 2017 година.
Потпишаниот указ е вратен во собраниските служби, по што следува негово објавување во Службен весник и стапување нa сила на ребалансот.
-
Македонија 14.08.2017 10:13
Почна бербата на трпезното грозје
Производителите на винските сорти грозје бараат откупната цена за килограм да биде 17 денари за вранецот и 16 за смедеревката, а договорите да се склучуваат пред бербата која треба да почне за еден месец.
-
Македонија 14.08.2017 08:56
На граничните премини нема задржување
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo наместа влажни коловози, а на патните правци надвор од градските средини интензитетот е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
-
Македонија 14.08.2017 08:48
Продолжува расправата за разрешување на Зврлевски
Собранието на Република Македонија ќе го одржи десеттото продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
-
Економија 12.08.2017 11:51
Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата во јуни годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 9,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Македонија 11.08.2017 16:21
Нова јавна расправа за стратегијата за бегалци и за странци
На треба да се прифати нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и на странци- оцени градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Според него, предложеното решение на општините им наметнува обврски кои не можат да се исполнат.










