Филмот „Музиката на Џанго“ со кој се отвори годинашното Берлинале, премиерно ќе биде прикажан и на Францускиот филмски фестивал. Поради деценискиот јубилеј, фестивалот ќе гостува во 10 града низ земјава.
Вести
-
Култура 13.06.2017 16:24
-
Македонија 13.06.2017 16:03
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ги исполни ветувањата за просечната и минималната плата
ВМРО-ДПМНЕ бара од владата на СДСМ да ги исполни ветувањата за просечната и минималната плата, како и за економскиот раст.
-
Македонија 13.06.2017 15:56
Подготвеност за конструктивни преговори: Димитров утре на средба со Коѕиас
„За Република Грција, прашањето е каков сосед сакате да имате? За Република Македонија, прашањето е каков сосед сакаме да бидеме“- ова е коментарот на шефот на дипломатијата, Никола Димитров за весникот „То Вима“, еден ден пред посетата на Атина и средбата со грчкот министер, Никос Коѕиас.
-
Свет 13.06.2017 15:47
Масовно труење со храна во ирачки бегалски камп
Жена и дете починале од последици на труење со храна, а стотици биле затруени во ирачки камп за раселени лица во близина на Мосул. По вчерашната вечера во кампот Казир, се затруле над 800 лица. А најмалку 300 од нив се во критична здравствена состојба.
-
Македонија 13.06.2017 15:41
Потребни се реформи и екипирање на јавната администрација
На вработените со несоодветно образование не може да им се најде работно место, костатирале надлежните. Од Владата велат дека секоја институција се соочува со проблеми кога е во прашање јавната администрација, а како причини ги наведуваат превработеноста или недостигот од стручен кадар.
-
Свет 13.06.2017 15:29
Нова затворска казна за Алексеј Навални
Рускиот опозициски лидер кој води кампања против корупцијата во земјата, Алексеј Навални доби затворска казна од 30 дена, ден по протестите против претседателот Владимир Путин.
Стотици демонстранти се уапсени во Москва, Санкт Петербург и други градови во Русија.
-
Економија 13.06.2017 15:25
Штрајк во прилепски „Еурокомпозит“, вработените бараат плата
Исплата на две заостанати плати, за декември минатата и за јануари оваа година, а до крајот на месецов и февруарската плата со прекувремените часови, бараат вработените во наменската фабрика „Еурокомпозит“ за да го прекинат штрајкот.
-
Економија 13.06.2017 15:11
Финансиска поддршка за иновативни бизнис идеи
Виртуелно уредување на простор, развивање на органска козметика во социјално претпријатие, производство на здрава храна- ова се проекти кои добија по 4.000 долари за поддршка во еден од домашните акцелератори. Иноваторите очекуваат развој на бизинисот.
-
Култура 13.06.2017 14:51
Работилница за развој на филмски проекти
Младите сценаристи, продуценти и режисери во наредните пет дена ќе имаат можност да соработуваат со познати филмски експерти од Европа во круцијалната фаза од нивните проекти, кога се уште може да се изврши доработка на креативниот дел од сценаријата.
-
Македонија 13.06.2017 14:48
Прифатен предлогот за смена на Зврлевски
Советот на Јавните обвинители го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот обвинител Марко Зврлевски. Одлуката беше донесена по двочасовна седница зад затворени врати. Каков бил соодносот на гласовите на членовите на Советот, претседателот Петар Аневски не соопшти.










