Вести

  • Македонија 12.06.2017 16:20

    Матурантите полагаа математика

    По македонски и странски јазик, матурантите на испит по математика. Го полагаа третиот екстерен предмет од државната матура. Се пријавија 2.070 кандидати. Дека математиката не е лесна како јазиците, покажува времетрањето на испитот.

  • Македонија 12.06.2017 15:58

    Во СЈО продолжи распитот за случајот „Талир“

    Во Специјалното јавно обвинителство продолжи распитот на неколку фунционери на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Талир“. Директорот на Центарот за комуникации, Иво Котевски, изјави дека побарал увид во доказите, истовремено сомневајќи се дека СЈО воопшто има докази против него.

  • Економија 12.06.2017 15:50

    Сертификат- гаранција за квалитет на градежните материјали

    Производителите на агрегати што се користат за градежни материјали, сами ќе гарантираат за квалитетот на производот. Во сопствена или друга сертифицирана лабораторија ќе ги вршат проверките.

  • Економија 12.06.2017 15:39

    ССМ со нов предлог- закон

    Ќе се зголемат правата на луѓето кои се ангажирани преку приватните агенции за вработувања. Се очекува околу 5.130 работници да ги добијат истите права како и другите, редовно вработени во институциите и компаниите.

  • Свет 12.06.2017 15:19

    Напад со молотови коктели во ресторан во Париз

    Две лица се со сериозни изгореници, а 10-тина се полесно повредени откако биле фрлени молотови коктели во ресторан во Париз.

    Меѓу повредените се и 6-мина полицајци кои помагале при евакуацијата на луѓето. Мотивот за нападот е непознат.

  • Македонија 12.06.2017 15:13

    „Диво насеље“: Обвинетите повторно го бојкотираа процесот

    Обвинетите во случајот „Диво насеље“ повторно го бојкотираа процесот. Велат- во судницата немало правда, по што откако не ја послушаа наредбата да останат на столчињата и да не стануваат, еден по еден, под силно полициско обезбедување беа изнесени надвор.

  • Македонија 12.06.2017 15:05

    Заев- Могерини: Ако реформите бидат спроведени, ЕУ е подготвена да возврати

    Новата влада е решена да ги спроведе неопходните реформи за забрзување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, истакнал македонскиот премиер Зоран Заев на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

  • Македонија 12.06.2017 14:58

    Котевски во СЈО на распит за случајот „Талир“

    И денеска во Специјалното јавно обвинителство на распит неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Талир“. Директорот на Центарот за комуникации, Котевски по распитот изјави дека побарал увид во доказите, но и дека е очигледно оти СЈО дејствува како партиска испостава на СДСМ.

  • Економија 12.06.2017 14:48

    Во април за 18,4 проценти зголемен бројот на туристи во Македонија

    Бројот на туристите во април годинава во Македонија изнесува 68.047, а на ноќевањата 140.081, што во однос на април лани е зголемување за 18,4 проценти, односно за 18,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

  • Свет 12.06.2017 14:38

    Републиката на Макрон е во движење, но французите се многу поделени

    Со 32,3% од гласовите, и проекција која и дава помеѓу 400 и 455 пратеници (289 апсолутно мнозинство од 579 пратенички места), партијата создадена од претседателот Емануел Макрон „Републиката во движење!“ , вчера стана на најсилна политичка партија во Франција.

Pages