Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е под истрага, повикувајќи се на признанието што му го дал сега веќе сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Во интервју за ЕН-БИ-СИ, прво по сменувањето на Коми, Трамп изјави дека за тоа директно го прашал директорот, при една нивна средба.
Вести
-
Свет 12.05.2017 14:25
-
Економија 12.05.2017 14:18
Од 18-ти мај трет циклус саеми за вработување
Од идната недела на едно место работодавачите ќе може да ја презентираат понудата, а невработените директно да се информираат и да конкурираат за нови работни места. Стартува третиот циклус саеми за вработување.
-
Свет 12.05.2017 14:06
Навални повика на нови протести во Русија
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се врати во Русија по хируршката интервенција во Шпанија, со цел да му се отстранат оштетувањата на десното око кога непознат напаѓач фрли во неговото лице дезинфекциски раствор минатиот месец. Напаѓачот сѐ уште е на слобода.
-
Свет 12.05.2017 13:46
Курц бара предвремени избори во Австрија
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курc се изјасни за раскинување на коалицијата со Социјал-демократската партија и побара распишување предвремени избори во Австрија.
-
Економија 12.05.2017 13:30
Намален бројот на туристи во март
Бројот на туристи во март бележи намалување за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Заводот за статистика.
-
Економија 12.05.2017 12:59
Трет циклус Саеми за вработување
На 18-ти мај почнува новиот, трет по ред циклус Саеми за вработување. Ова е добра можност работодавците да ја презентираат својата побарувачка, а лицата заинтересирани за вработување, непосредно да се информираат за понудените условите.
-
Македонија 12.05.2017 12:54
Кривични пријави против седум лица за собраниските настани
СВР Скопје поднесе кривични пријави против седум лица за собраниските настани на 27-ми април.
-
Македонија 12.05.2017 12:41
ДИК ги повикува граѓаните да направат увид во избирачкиот список
Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува граѓаните да направат увид во избирачкиот список, и доколку е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.
-
Свет 12.05.2017 12:39
Доналд Трамп тврди дека тој не е под истрага
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој не е под истрага, повикувајќи се на признанието што му го дал сега веќе сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми.
-
Македонија 12.05.2017 12:20
Заев: Очекувам Иванов во уставниот рок да го довери мандатот
Очекувам Иванов во уставниот рок од 10 дена да го довери мандатот за нова влада. Се усогласуваат гаранциите за зачувување на унитарноста на Македонија и тие ќе бидат доставени на транспарентен начин, вели лидерот на СДСМ, Заев.









