Намалувањето на прагот за ДДВ од 1,3 на 1 милион денари може да предизвика повеќе трошоци за граѓаните одколку приходи за УЈП, е првичниот коментар на даночните експерти. Ќе биде потребно обработување на податоците, ќе треба да се пополнуваат пријави, да се плаќаат даночни советници.
Вести
-
Економија 23.03.2017 16:21
-
Свет 23.03.2017 16:12
Поранешен руски пратеник убиен во Киев
Украинската полиција соопшти дека поранешниот руски пратеник, Денис Вороненков бил убиен во Киев. Непознат напаѓач пукал во 45-годишниот Воронеков пред влезот на луксузен хотел во главниот град на Украина.
-
Македонија 23.03.2017 16:04
Димовски на чело на Комисијата за избори и именување, собраниска седница в понеделник
Падна договор за претседател на Комисијата за избори и именувања. Ќе ја раководи Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Токму претседателствувањето со Комисијата беше камен на сопнување на неколкудневните координации.
-
Македонија 23.03.2017 15:48
Вработените во ТВ Нова со писмо до ОБСЕ
Шести ден протестираат вработените од Телевизија Нова. Секојдневно се на различна локација, денеска пред мисијата на ОБСЕ упатија порака за зачувување на слободата на медиумот.
-
Економија 23.03.2017 15:41
Форум за работодавачи за подобри политики за вработување
Подобри политики за вработување во приватните компании, поголема соработка меѓу компаниите и државните институции. Ова беа главните прашања за кои расправаа работодавачите и надлежните. Се користат активните мерки за вработување.
-
Македонија 23.03.2017 15:36
Македонија и Белорусија ја продлабочуваат соработката
Македонија и Белорусија потпишаа меморандум за културна соработка меѓу Министерствата за култура на двете држави. Договорот го потпишаа во Белград амбасадорите на двете земји и тој преставува правна рамка за продлабочување на културната соработка.
-
Македонија 23.03.2017 14:59
Грчките медиуми секојдневно известуваат за политичката состојба во Македонија
Воведување на Албанскиот како втор официјален јазик и менување на државните симболи се дел од условите од Тиранската платформа прифатена од лидерот на СДСМ Зоран Заев со цел да формира влада, информираат грчките медиуми.
-
Македонија 23.03.2017 14:44
Четири нови истраги на СЈО
Првата истрага „Табла“ е за злоупотреба на службена положба на директор на основно училиште од Зајас. Според СЈО, без постапка за јавна набавка ѝ овозможил на фирма од Кичево противправна имотна корист од 200 илјади евра за изградба на ново училиште.
-
Свет 23.03.2017 14:25
Ирак: Над 200 луѓе убиени во Мосул
Најмалку 200 луѓе загинале во воздушен напад на една куќа во Мосул, а меѓу жртвите има најмногу цивили. Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале околу 130 луѓе, а околу100 биле надвор.
Според медиумите, меѓу загинатите најверојатно има и припадници на Исламска држава.
-
Свет 23.03.2017 14:23
ИД презеде одговорност за нападот во Лондон
„Со нападот во Лондон, им се одмаздивме на Британците за воените интервенции во Мосул, Ирак“, соопштија џихадистите од Исламска држава преку нивна новинска агенција.










