Австрија доби нов претседател. Александер Ван Дер Белен, кандидатот кој го поддржуваат Зелените освои 51,69 насто од гласовите, додека неговиот противкандидат, од десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, освои 46,4 насто.
Вести
-
Свет 05.12.2016 12:49
-
Економија 05.12.2016 12:35
Размената со странство 9,5 милијарди долари, извозот со раст од 5,8 отсто
Република Македонија во првите десет месеци од годинава разменила стоки со странство во вкупна вредност од 9.528.769 илјади американски долари.
-
Свет 05.12.2016 12:25
Пакистан: 11 лица загинаа во пожар во хотел во Карачи
11 лица загинаа, а над 50 се повредени при пожар во хотел во пакистанскиот град Карачи. Повеќето жртви настрадале при задушување од чад.
-
Македонија 05.12.2016 12:18
Михајлова и Бајлозова - в.д. претседатели на Кривичен и Врховен суд
Татјана Михајлова и Снежана Бајлoзова се новите вршители на должност- претседатели на Кривичниот и на Врховниот суд во Скопје- одлучи Судскиот совет на денешната седница.
-
Македонија 05.12.2016 11:37
Метео: Сончево со ниски утрински температури
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност особено на повисоките места, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Во наредниот период се очекува сончево време со пониски утрински и повисоки дневни температури.
-
Свет 05.12.2016 11:34
Снег на Хаваи
Жителите на тропскиот остров Хаваи се соочија со невообичаено студено време и снег. Поради снежната покривка се блокирани неколку сообраќајни правци околу скијачките центри на планините.
Според метеоролозите, ниските температури ќе продолжат и во наредните денови.
-
Свет 05.12.2016 10:47
Финска: Градоначалничка и две новинарки убиени во ресторан
Градоначалничка во Финска и две новинарки се убиени во ресторан во Иматра. Од засега непознати причини, 23-годишен маж со сачмарка пукал неколку пати во главата и телото на жртвите. Според полицијата, се работи за случаен избор на жртвите.
-
Македонија 05.12.2016 10:40
На „Ало докторе!“ најмногу повици за респираторни симптоми и настинки
Респираторни симптоми, покачена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици биле најчести причини за барање совети на телефонската линија Ало докторе! во последната седмица, од 28-ми ноември до 4-ти декември.
-
Македонија 05.12.2016 10:37
Претседателот Иванов во посета на Штип
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во Штип каде што ќе ги посети на припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Јане Сандански“.
-
Свет 05.12.2016 10:20
Австрија: Победата на Ван дер Белен добра за европското единство
Австриската Партија на слободните и нејзиниот кандидат на претседателските избори Норберт Хофер го признаа поразот од победникот Александер Ван дер Белен. Изборот е поздравен и од умерените политичари во Европа кои сметаат дека се поразени и популистичките сили кои сакаат да ја ослабнат Европскат










