Приведени се 40 странски државјани во Истанбул поради сомнение дека престојувале во Сирија. Операцијата е дел од акцијата на припадниците на безбедносните сили за борба против Исламска држава.
Вести
-
Свет 19.09.2016 12:44
-
Свет 19.09.2016 11:35
Путин ја поздрави победата на „Единствена Русија“
Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави победата на владејачката партија „Единствена Русија“ на парламентарните избори, наглсувајќи дека народот гласал за политичка стабилност.
-
Македонија 19.09.2016 10:17
Генератори и пумпи за Скопскиот регион од Русија
Мобилни генератори, специјални пумпи и опрема, ќебиња, конзервирана храна, е руската помош за населението во поплавените подрачја во Скоскиот регион.
-
Македонија 19.09.2016 10:15
Помош и поддршка за поплавените од Израел
Израелски експерти за елементарни непогоди, денеска во Стајковци со амбасадорот Дан Оријан ќе донираат градежен материјал и опрема за поплавените подрачја.
-
Свет 19.09.2016 10:13
Уапсени петмина осомничени за бомбашкиот напад во Њујорк
ФБИ уапси петмина мажи осомничени за извршување на бомбашкиот напад во Њујорк во кој се повредени 29 луѓе. Акцијата била спроведена додека се движеле со возило преку мост во Бруклин и оделе веројатно кон аеродромот. Двата уреди биле импровизирани експлозиви поставени во сад за готвење.
-
Македонија 19.09.2016 10:06
Почна сезоната на зимници
Сезоната на ајвари почна еден месец порано од лани. На локалните пазари понудата е многу голема, а пиперките ги откупува и конзервната индустрија.
-
Македонија 19.09.2016 09:29
Посвежо време со врнежи и грмежи
Променливо и облачно, со повремени врнежи од дожд, наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавуваат од УХМР.
-
Економија 19.09.2016 08:16
Фабрика за вода во дебарско Гари
Во близина на дебарското село Гари денеска ќе биде отворена фабриката за вода MAYA.
Фабриката е заедничка инвестиција на концесионерот на подземна вода MЛ-Гари и хрватската компанија Мали Лошињ.
-
Македонија 19.09.2016 08:13
Делегација на НГ на Вермонт во посета на АРМ
Висока воена делегација на Националната гарда (НГ) на сојузната држава Вермонт од САД, предводена од командантот генерал-мајор Стивен Креј престојува во тридневна официјална посета на Армијата на Република Македонија (АРМ).
-
Македонија 19.09.2016 08:08
Ребалансот за поплавите пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 117-тата седница треба да почне расправа по новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат средства за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.









