Американската влада најстрого го осуди нападот врз хуманитарниот конвој кај сирискиот град Алепо во кој загинаа 20 луѓе. Обединетите Нации потврија дека биле уништени камиони неколку часа откако војската прогласи крај на примирјето договорено меѓу САД и Русија.
Вести
-
Свет 20.09.2016 16:31
-
Економија 20.09.2016 16:27
Синдикалците бараат зголемување на минималната плата
Сите податоци од регионот и Европа укажуваат дека Република Македонија најниско котира со минималната плата и дека таа е далеку од она што значат потреби на работниците.
-
Свет 20.09.2016 16:20
Градежниците бараат побрза катастарска постапка
Градежниците бараат побрзи катастарски постапки за спроведување на своите инвестиции. Преку ова очекуваат да се намалат административните процедури и да се скрати периодот на еден инвестициски циклус.
-
Македонија 20.09.2016 16:02
Се очекува нов бран бегалци
Нов бран бегалци напролет се очекува од Средоземјето. Поради договорот меѓу ЕУ и Турција најголемиот налет според аналитичарите веројатно ќе биде кон Италија.
-
Македонија 20.09.2016 15:54
Метео: Променливо облачно, температура до 24 степени
Утре во Македонија повторно ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
На места ќе има услови за краткотраен локален дожд, а ќе дува и умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 20.09.2016 15:48
Авантурите на Петко на МТВ од средината на октомври
Играната ТВ детска серија „Пет плус“ инспирирана од авантурите на познатиот лик Петко повторно се враќа на малите екрани, овој пат на јавниот сервис. Најмладата генерација од средината на октомври ќе ужива во 40 нови епизоди во кои се прикажани лудориите на Петко и неговите пријатели.
-
Економија 20.09.2016 15:25
Скроен буџетот за 2017-та година, државната каса ќе тежи 3,3 милијарди евра
Економски раст од 3 проценти, повисоки приходи и расходи, буџетски дефицит од 3 насто од БДП. Министерството за финансии ја скрои државната каса за в година, тешка 3,3 милијарди евра, Владата го достави предлогот до Собранието.
-
Македонија 20.09.2016 15:23
110 деца во Македонија имаат нарушен раст
110 деца во Македонија имаат нарушен раст и примаат хормон. Има и деца кои сѐ уште чекаат да започнат со лекување. Од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ укажуваат на овој здравствен проблем со кој се соочуваат како родители во лекувањето на нивните деца.
-
Економија 20.09.2016 15:07
Цветков: Субвенции од три денари за килограм откупено грозје „вранец“
Три денари субвении за килограм откупено грозје „вранец“ ќе добиваат винариите. Одлуката е доенесена по нивната најава дека ќе го намалат откупот на годинашниот род поради големиот наплив на вина од други земји.
-
Македонија 20.09.2016 14:57
Сѐ уште трае вештачењето на остатоците од италијанскиот Пајпер
Паралелно, во македонското и италијанското обвинителство, во тек се истражните активности поврзани со несреќата со италијанскиот Пајпер во која загинаа шест патника, меѓу кои еден беше и пилот.










