Над 30 луѓе загинаа во земјотресот од 6,2 степени по Рихтер во централна Италија. Епицентарот бил кај градот Норча во областа Умбрија, на длабочина од 10 километри. Покрај човечките жртви, предизвикана е и голема материјална штета.
Вести
-
Свет 24.08.2016 12:07
-
Економија 24.08.2016 11:18
Раст на бројот на превезени патници за 22,5% на македонските аеродроми
Трендот на раст на бројот на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија продолжува, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.
-
Свет 24.08.2016 11:14
Бајден пристигна во Турција
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден допатува во Анкара на разговори со турското раководство, во момент кога државата почна со операција против припадници на Исламска држава од град на границата со Сирија.
-
Свет 24.08.2016 11:11
Припадници на ИД од Сирија гранатираат турска територија
Од Сирија припадници на Исламска држава гранатираат турска територија. Гранатите паѓаат во близина на градот Каркамаш. Нападот очигледно е одговор на турските воздушни напади во близина на сирискиот град Џараблус.
-
Македонија 24.08.2016 10:46
Самоубиство во Куманово
Средовечен кумановец вчера се самоубил во својата семејна куќа, лоцирана на улицата „Кирил и Методиј“, потврди денеска МВР.
Тој бил пронајден обесен во 21.15 часот. Лекар од Здравствениот дом-Куманово констатирал смрт без траги на насилство.
-
Свет 24.08.2016 10:43
Турција официјално побара од САД испорачување на Ѓулен
Турција испрати официјално барање до американската администрација за испорачување на муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара за организирање на обидот за пуч на 15-ти јули.
-
Свет 24.08.2016 10:31
Воена операција против ИД во Џараблус
Турската армија и меѓународната коалицији предводени од САД, почнаа операција против Исламска Држава во сирискиот пограничен град Џараблус, за отворање коридор.
Операцијата е преземена неколку часа пред посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Анкара.
-
Македонија 24.08.2016 10:27
Коѕиас утре на средби во Македонија
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас утре ќе престојува во Македонија. Ќе оствари билатерална средба со својот македонски колега Никола Попоски, а се очекува да биде примен и од претседателот Иванов.
-
Македонија 24.08.2016 10:17
Ад хок комисијата за медиуми го избира петтиот член
Денеска треба да биде избран петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите, што според политичкиот договор од 20-ти јули треба да биде етнички Албанец.
-
Свет 24.08.2016 10:14
Најмалку 14 загинати во земјотресот во централна Италија
Над 14 луѓе загинаа во земјотресот од 6,2 степени по Рихтер во централна Италија. Епицентарот бил кај градот Норча во областа Умбрија, на длабочина од 10 километри. Покрај човечките жртви, предизвикана е и голема материјална штета.










