Државната изборна комисија ги повикува граѓаните, чии записи во избирачкиот список по извршените теренски и вкрстени проверки се спорни, до 19-ти август да се пријават, за да може да бидат запишани во избирачкиот список.
Вести
-
Македонија 27.07.2016 16:25
-
Македонија 27.07.2016 16:19
СДСМ со повик за членови на ад- хок комисијата и главен уредник на МРТ
Социјал-демократите со јавен повик до новинарските и граѓанските здруженија да предложат членови во ад- хок комисијата која треба да ги мониторира медиумите пред изборите. Повикот важи и за предлог за главен и одговорен уредник на Македонската радио телевизија.
-
Економија 27.07.2016 16:03
Ребаланс на буџет: Спротивставени ставови за трошењето на државните пари
И во финалето на собраниската расправа за ребалансот на буџетот останаа спротивставените ставови за трошењето на државните пари. За власта, буџетот е развоен, за опозицијата е недомаќински.
-
Македонија 27.07.2016 15:45
Поликлиниката Букурешт доби современ мамограф
За 3 минути по снимањето, пациентките ќе ја дознаат дијагнозата со новиот дигитален мамограф во поликлиниката Букурешт. Апаратот е со висока резолуција, а снимките преку мамографот можат да се испраќаат во други медицински центри низ светот.
-
Култура 27.07.2016 15:10
Македонската хорска уметност афирмирана во светски рамки
Со титулата светски шампион во категоријата „Женски камерни хорови“, „Света Злата Мегленска“ се врати од престижните „Светски хорски игри“, кои се одржуваа од 6 до 16 јули во Сочи.
-
Македонија 27.07.2016 14:53
„Мој пратеник“: Вељаноски најредовен на седниците на Собранието
Горан Сугаревски од СДСМ е рекордер во дискусии и реплики на пленарните седници, Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ најмногу зборувал на работните тела – резултати од „Мој Пратеник“ за првата половина од годината. Ниту еднаш за збор не се јавиле лидерите на ДУИ И ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
-
Свет 27.07.2016 14:50
Турција: Притворени 47 новинари поради сомнеж за поврзаност со имамот Ѓулен
Во најновата серија апсења на турскиот претседател Ердоган се опфатени 47 новинари.
-
Македонија 27.07.2016 14:41
700.000 евра достапни за средните стручни училишта
Вкупно 43 средни стручни училишта со 110 предлог-проекти аплицираа на јавниот повик што го објави Министерството за образование и наука, во рамки на „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“ што се спроведува со поддршка на Светска банка.
-
Македонија 27.07.2016 14:10
Метео: Утре повисоки температури од денешните
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Попладне во делови од земјава ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со грмежи.
Температурите ќе бидат повисоки од денешните.
-
Економија 27.07.2016 13:32
Македонскиот финансиски систем ја задржа стабилноста
Во Народната банка на Република Македонија денеска се одржа редовна средба на претставници од институциите надлежни за регулирање и надзор на одделни сегменти од финансискиот систем на Република Македонија – Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за суп









