53 години од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26-ти јули во 5 часот и 17 минути, проследен со низа помали потреси. Над 200 илјади луѓе останаа без покрив над главата, беа разрушени 15 и пол илјади домови. Меѓународна помош пристигнувала од сите страна.
Вести
-
Македонија 26.07.2016 10:22
-
Свет 26.07.2016 10:13
Масакр во дом за лица со посебни потреби во Јапонија
19 лица се убиени, а 45 се повредени во напад со нож во дом за немоќни и хендикепирани лица во Јапонија.
Уапсен е 26-годишен маж кој им се предал на властите. Се работи за поранешен вработен во домот кој изјавил дека сака да ги снема сите луѓе со инвалидитет.
-
Македонија 25.07.2016 16:45
Нова средба на работните групи од четирите политички партии
Работните групи од четирите политички партии - потписнички на договорот од Пржино, попладнево ќе имаат нова средба. На неа треба да ги усогласат законските измени кои претходно ги договорија, за медиумите, за влада и за полиција.
-
Економија 25.07.2016 16:28
Почна расправата за ребалансот на буџетот
Ревидиран економски раст од 4 на 2,3 проценти, намалување на вкупните приходи за три милијарди денари и на вкупните расходи за 804 милиони денари- почна собраниската расправа за ребалнсот на буџетот.
-
Свет 25.07.2016 16:20
Германските власти истражуваат 59 бегалци за можна поврзаност со терористички организации
Германскиот министер за внатрешни работи, Томас Де Мезиер, изјави дека властите истражуваат 59 бегалци, осомничени за можна поврзаност со терористички организации.
-
Македонија 25.07.2016 16:10
Висок УВ индекс: Да се избегнува директна изложеност на сонце
УВ зрачењето денеска достигна индекс 8. Кога е сончево оваа вредност за неколку минути може да предизвика изгореници по телото на луѓето со светла кожа- предупредуваат лекарите. Дел од граѓаните дејствуваат превентино:
-
Свет 25.07.2016 15:47
Германија на удар: Четири напади за една седмица
Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман изјави дека 27-годишен Сириец ја предизвикал експлозијата во Ансбах. Тој загинал, а повредил 12-мина. Напаѓачот имал бомба во ранец која експлодирала бидејќи му забраниле да влезе на музичкиот фестивал кој се одржувал во близина.
-
Македонија 25.07.2016 15:16
ДИК ќе расправа за измените на изборниот законик
Државната изборна комисија (ДИК) за денеска во 15:30 часот закажа седница на која на дневен ред се повеќе точки кои произлегоа од измените на Изборниот законик, донесени во петокот врз основа на договорот на претставниците на политичките партии постигнат минатата недела.
-
Свет 25.07.2016 15:10
Чистка и во „Туркиш Ерлајнс“- отпуштени над 100 вработени
Турската државна авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ отпушти над сто вработени, меѓу кои и членови на Управата како последица на неуспешниот обид за воен удар во земјата што се случи на 15 јули.
-
Македонија 25.07.2016 15:03
Метео: Утре посвежо и нестабилно време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно посвежо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи особено во првата половина од денот и тоа во западните делови.
Температурите ќе опаднат...
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска










