На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 18 јули до 24 јули) имало 1.118 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година, досега, на линијата имало 104.337 повици.
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 18 јули до 24 јули) имало 1.118 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година, досега, на линијата имало 104.337 повици.
Непресушната уметничка инспирација ги создаде новите 30-ина дела на меѓународната колонија „Дрен“.
Меркел, Клинтон, Кристина Фернандез, Могерини, Лагард... Расте бројот на жени лидери во светот на политиката, кои им ги одзеле фотелјите на припадници на машкиот пол. Со три од шесте најголеми економии до почетокот на следната година може да лидеруваат дами- велат аналитичарите.
Италијанскиот министер за правда, Андреа Орландо, денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.
Во Собранието ќе заседаваат и две комисии, законодавно- правната и комисијата за надворешна политика.
Македонското собрание на денешната 111-та седница ќе расправа за ребалансот на буџетот за 2016-та. На дневен ред е и предлог законот за изменување на Законот за Државниот испитен центар, по скратена постапка, како и годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2015-та.
Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман изјави дека 27-годишен Сириец ја предизвикал експлозијата во ресторанот во Ансбах. Тој загинал, а повредил 12-мина, од кои тројца се во критична состојба.
Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, предмалку на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави договорот меѓу четирите главни политички партии во Република Македонија со цел ставање крај на политичката криза.
Партиите постигнаа договор за излез од политичката криза, информира американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, по денешните разговори на претставниците на партиите потписнички на Договорот од Пржино.
Живееме во време на длабока политичка криза, кога македонскиот јавен простор е преплавен со зборови на безнадежност, цинизам и омраза. Токму поради тоа ни се потребни зборови на добрина, надеж и љубов. А, кој владее подобро со зборовите отколку поетот, кој е слуга на својот јазик.