Паралелно со преговорите меѓу партиите, избирачкиот список на дневен ред и на јунската седница за пратенички прашања. Според независната, Солза Грчева, земјава сѐ уште нема кредибилен избирачки список, а тој, според неа, може да се оформи само преку спроведување на попис на населението.
Вести
-
Македонија 30.06.2016 15:51
-
Економија 30.06.2016 15:35
Од утре пониски цени во регионалниот роаминг
Од утре за 17,2 процента ќе биде пониска цената за минута појдовен повик во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. За 11,1 процент ќе се намали цената на СМС, а за 35,7 проценти на МB интернет.
-
Култура 30.06.2016 15:30
Продолжува соработката меѓу Македонија и Италија
Добрите односи меѓу Италија и Македонија ќе се продлабочуваат со потпишување на четвртата Програма за соработка меѓу двете земји во областа на културата, образованието и нанауката до 2019 година. Според амбасадорот Белели, ова е резултат на плодна и на успешна комуникација.
-
Македонија 30.06.2016 15:26
Тодоров и Попоски, нови заменици претседатели на Владата
Министрите за здравство и за надворешни работи Никола Тодоров и Никола Попоски се именувани и за заменици претседатели на Владата на Република Македонија.
Ова е објавено на веб-страницата на Владата на Република Македонија.
-
Економија 30.06.2016 15:08
Нов далекувод Тетово- Скопје
Проработе 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трафостаниците меѓу Скопје и Тетово. Со него се обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија на тетовскиот и на скопскиот регион, најголеми консументи во земјава.
-
Македонија 30.06.2016 15:05
Иванов: Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности
Претседателот Иванов во Турската амбасада во Скопје се потпиша во книгата на жалост, отворена по терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.
-
Економија 30.06.2016 15:02
Струјата поевтинува за 0,25 проценти
Цената на струјата се намалува за 0,25 насто за домаќинствата и за малите компании.
Од крајната цена најголем дел 50,7 насто ќе добива ЕЛЕМ, ЕВН Дистрибуција 29,31, и операторот МЕПСО 4,83 насто.
Новата цена ќе се пресметува од утре до 1-ви јули наредната година.
-
Македонија 30.06.2016 14:59
Хајндл в среда повторно во Македонија
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија, амбасадорот Јоханес Хајндл, в среда е повторно во Македонија.
Според некои медиуми, во почетокот на месецов во земјава треба да допатува и Викторија Нуланд, заменик државниот секретар на САД, но оваа посета сѐ уште не е потврдена.
-
Македонија 30.06.2016 14:37
Поразителна статистика: Расте смртноста од карцином на грло на матка
Четири пати повеќе жени умираат од карцином на грло на матка во Македонија во споредба со ЕУ, покажува статистиката. Искуството покажува, ако навреме се направи скрининг и се открие болеста, 90 % од пацинетките би се излекувале.
-
Македонија 30.06.2016 14:31
Заврши јунската сесија од екстерното тестирање
Со завршување на процесот на приговори на резултатите од тестирањето на 28 јуни 2016 година заврши јунската сесија од екстерното тестирање, информира Државниот испитен центар.








