Претставата „Сонети“, на домашниот ансамбал вечерва го затвора 4-тиот интернационален Битола Шекспир фестивал. Стонастотната посетеност на деветте фестивалски вечери е доволен показател дека делата на театарските куќи на земјите учеснички ги задоволија вкусовите на публиката.
Вести
-
Култура 01.07.2016 14:49
-
Македонија 01.07.2016 14:33
Ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата
Скутерите и чамците од денеска до 31-ви август имаат временско ограничување за пловидба на македонските езера. Во периодот од 11 до 19 часот е забранета пловидбата за скутерите, додека за чамците ограничувањето е од 21 до 5 часот наутро.
-
Економија 01.07.2016 13:38
ММФ од август без резидентен претставник во Македонија
Меѓународниот монетарен фонд од летово нема да именува резидентен претставник во Македонија.
-
Македонија 01.07.2016 12:43
Со две мерки ќе се решава проблемот со откупот на пченицата
Министерствто за земјоделство со две мерки ќе го решава проблемот на земјоделците и мелничарите.
-
Свет 01.07.2016 12:26
Перу: 48 деца починаа од студ, најпогоден регионот Пуно
48 деца починаа од воспаление на белите дробови и респираторни заболувања поради екстремно ниските температури на Андите во Перу. Децата се на возраст под 5 години.
-
Македонија 01.07.2016 12:23
Давор Поповски избран за нов претседател на СПУКМ
Давор Поповски од ФИНКИ е новиот претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Тој освои 3.851 глас од вкупно 5.264.
-
Македонија 01.07.2016 12:17
Дисциплински постапки за вработени во Катастарот за неправилности при наплата
Секторот за контрола и надзор при Агенцијата за катастар на недвижности поведе соодветни дисциплински постапки против инволвираните вработени во утврдените неправилности при контрола на Одделението за шалтерско работење во Центарот за катастар на недвижности Скопје, соопшти денеска Катастарот.
-
Култура 01.07.2016 12:10
Никола Маџиров- национален уметник за 2016-та
Поетот Никола Маџиров е национален уметник за 2016-та. Признанието од Министерството за култура се доделува по шести пат. Поезијата на Маџиров е објавена во над 50-тина држави во светот, во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка во Австралија и е преведена на 41 странски јазик.
-
Свет 01.07.2016 12:03
Во контејнери со овошје запленети 11 тони кокаин
Италијанската, колумбиската и американската полиција запленија 11 тони кокаин и уапсија 33 лица од криминална мрежа која преработувала наркотици во колумбиската џунгла и ги шверцувала во контејнери со овошје.
-
Свет 01.07.2016 11:57
Приведени уште 11 осомничени за нападот на „Ататурк“
Турската полиција приведе 11 странци, за кои постои сомневање дека се членови на огранок на Исламска држава во Истанбул и се поврзани со терористите самоубијци, кои го извршија тројниот самоубиствен напад на аеродромот „Ататурк“, јавуваат турски медиуми.










