Вести

  • Македонија 01.07.2016 10:00

    Собраниска делегација на 25 сесија на ПС на ОБСЕ

    Делегација на македонското Собрание предводена од пратеникот Владимир Ѓорчев, член на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ, од денеска до 5-ти јули ќе учествува на 25-годишна сесија во Тбилиси, Грузија.

  • Економија 01.07.2016 09:54

    Стартува со работа виртуелниот оператор „Лајкамобајл“

    Од денеска функционира новиот виртуелен мобилен оператор „Лајкамобајл“. Ќе го користи предзнакот 079 и досега има добиено 175 илјади броеви.

  • Економија 01.07.2016 09:49

    Пониски цени во регионалниот роаминг

    Од денеска за 17,2 процента ќе биде пониска цената за минута појдовен повик во Пониски цени во регионалниот роамингроаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. За 11,1 проценти ќе се намали цената на СМС, а за 35,7 проценти на мегабајт интернет.

  • Македонија 01.07.2016 09:45

    Субвенции за осигурување на земјоделското производство

    До 31-ви август земјоделците кои сакаат да го осигураат родот треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што е регистрирано стопанство.

    Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на полисата.

  • Свет 30.06.2016 17:03

    Рации во Истанбул, притворени 13 луѓе

    Широка антитерористичка операција на турската полиција по крвавиот напад на истанбулскиот аеродром во кој загинаа 42 лица, а стотици беа ранети. Уапсени се 13 осомничени. Пронајдени се шифрирани документи и дигитални материјали поврзани со екстремистичка организација.

  • Економија 30.06.2016 16:48

    Струјата поевтини за 0,25%

    Регулаторна ги направи калкулациите и од утре ја намали крајната цена на струјата за скромни 0,25%. Математиките покажале дека ланските предвидувања за вкупните приходи на енергетските компани биле добро направени, појаснува претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров.

  • Економија 30.06.2016 16:36

    „Лајкамобајл“ стартува со работа во Македонија

    Виртуелниот мобилен оператор „Лајкамобајл“ соопшти дека стартува со работа во Македонија. Британскиот оператор ќе биде трет на македонскиот пазар, по спојувањето на „ОНЕ“ и „ВИП“.

    На нашиот пазар ќе оперира со предзнакот 079 и ќе ја користи мрежата на мобилниот оператор „ОНЕ.ВИП“.

  • Македонија 30.06.2016 16:27

    Заврши реконструкцијата на мостовите долж Коридорот 10

    64 мостови се обновени на македонскиот дел од Коридор 10, со финансиска поддршка на НАТО и на КФОР. Санацијата на мостовите се одвивала во три фази. Во првата беа обновени мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје- Блаце.

  • Економија 30.06.2016 16:13

    Ефикасен финансиски пазар со целосно усогласување со европското законодавство

    Усогласувањето на македонското со европското законодавство ќе донесе ефикасен финансиски пазар кој ќе соработува и ќе се интегрира со пазарите во светот.

  • Македонија 30.06.2016 15:57

    Расправии и тензии на изборот за нов претседател на Студентскиот парламент

    Во тензична атмосфера се одржаа изборите за нов студентски лидер на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Членовите на Пленумот го блокираа изјаснувањето. Не им дозволуваат на студенти да гласаат поради тоа што велат дека нема услови - немало паравани и печат на избирачките ливчиња.

Pages