Обединетото Кралство си заминува од Европската Унија. Поддржувачите на Брегзит победија со 51,9% од гласовите на вчерашниот историски референдум со кој се решаваше иднината на островот во европското семејство.
Вести
-
Свет 24.06.2016 15:10
-
Македонија 24.06.2016 14:52
Димитриев: Продолжуваме со проектите за подобрување на условите за живот на граѓаните
17 компании градат, уште две со најава дека ќе почнат во индустриската зона Чојлија во Петровец. Премиерот Димитриев вели дека владата ќе продолжи со поддршката за подобрување на условите за животот во Општината. Во зоната во Ржаничино засега се продадени 17 парцели.
-
Економија 24.06.2016 14:47
Миноски: Кризата влијае на економијата, неопходна корекција на државната каса
Политичката неизвесност сигурно ќе има ефект врз економијата, поради што ќе се прекрои и државната каса, истакнува министерот за финансии Кирил Миноски во интервју за МИА, во кое вели дека фирмите се воздржуваат од инвестиции, граѓаните од потрошувачка на трајни добра, а банките се повнимателни п
-
Македонија 24.06.2016 14:32
Метео: Од недела температурите ќе опаднат за околу 5 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, попладне се очекува појава на мала облачност,а ќе дува и слаб ветер од источен правец.
Од недела до вторник во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, а дневните температури ќе опаднат за околу 5 степени.
-
Македонија 24.06.2016 14:29
Попоски за Брегзит: Македонија изгуби поддржувач на процесот на проширување на ЕУ
Македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски, ја коментираше одлуката на Обединетото Кралство за напуштање на Европската унија.
-
Македонија 24.06.2016 13:49
Промовиран првиот електричен картинг- Феитмобил
15 студенти од Факултетот за електротехника го претставија првиот електричен картинг во Македонија. Наречен е „Феитмобил“. Се напојува со батерии, а моторот има моќност од 2,5 киловати. Може да се движи околу половина час.
-
Култура 24.06.2016 13:28
Битола живее со „Шекспир фестивал“
„Шекспир форевер“ е музичко сценскиот перформанс со којшто беше отворен четвртиот меѓународен „Битола Шекспир фестивал“ на четиристотини години по смртта на големиот драматург Вилијам Шекспир.
-
Економија 24.06.2016 13:19
Во април 67,8 отсто од потрошената струја од домашни извори
Македонија во април годинава вкупно потрошила 575.485 мегават часови електрична енергија, 4.804 милиони нормални метри кубни природен гас, 441.255 тони јаглен и 90.069 тони нафтени продукти.
-
Македонија 24.06.2016 13:14
Отворена нова градинка во Петровец
Премиерот Емил Димитриев денеска беше во Општина Петровец каде се отвори новата детска градинка со капацитет за згрижување 80 деца. Владата, рече Димитриев ќе продолжи со проектите во Петровец со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.
-
Свет 24.06.2016 13:07
Историски референдум: Велика Британија на „непозната територија“
Обединетото Кралство гласаше за излез од Европската Унија. Поддржувачите на Брегзит победија со 51,9% од гласовите на вчерашниот историски референдум. Конечните резултати во Шкотска и во Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители се изјасниле за останување во ЕУ.









