Полицијата ги уапси напаѓачите кои убија четворица во Тел Авив. Шестмина беа повредени во нападот во центарот на градот во близина на Министерството за одбрана. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди инцидентот.
Вести
-
Свет 09.06.2016 10:21
-
Македонија 09.06.2016 10:17
Почна консолидацијата на земјоделското земјиште
Почна окрупнувањето и групирањето на земјоделското земјиште.
Првата консолидација со нова распределба на земјоделските парцели е во село Егри, битолско, каде што сите трошоци ги покрива државата.
-
Македонија 09.06.2016 09:45
Чешкиот претседател во посета на Македонија
Претседателот на Чешка, Милош Земан доаѓа во официјална посета на Македонија на покана на шефот на државата Иванов. Ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
-
Македонија 08.06.2016 16:44
Комисијата за надворешни работи на Бундестагот расправаше за Македонија
Во Бундестагот денеска се разгледуваше политичката состојба во Македонија. „Актуелната состојба во Македонија е загрижувачка“ – соопштил државниот секретар во германското МНР, Михаел Рот.
-
Свет 08.06.2016 16:03
Хилари Клинтон ја обезбеди претседателската номинација
Хилари Клинтон е првата жена во американската историја која ќе стане претседателски кандидат на една од двете најголеми политички партии во Соединетите Американски Држави.
-
Економија 08.06.2016 15:57
Светска банка: Раст на македонската економија од 3,7% годинава
Светска банка ги објави најновите прогнози. Банкарите од Вашингтон очекуваат Македонија годинава да оствари економски раст од 3,7 проценти, во 2017-та и во 2018-та од 4 проценти.
-
Македонија 08.06.2016 15:49
Акција „Еразмус“: Нема притвор за ниту еден осомничен
Нема притвор за ниту еден во осомничените во акцијата „Еразмус“ на Економскиот факултет. За петмина од професорите е изречена мерка за претпазливост. Одземени им се пасошите и треба редовно да се јавуваат во судот. На тројца им е доставена покана за распит кај судијата во претходна постапка.
-
Свет 08.06.2016 15:32
Македонија учествува во воените вежби на НАТО во Полска
Над 31 илјада војници од 24 земји, меѓу кои и Македонија, учествуваат во најголемите воени вежби на НАТО во Источна Европа наречени „Анаконда 16“ по Студената војна.
-
Свет 08.06.2016 15:28
Нов бомбашки напад во Турција
Тројца загинаа во експлозија на бомба автомобил кој влетал во полициска станица во југоисточниот дел на Турција. Над 30 лица се повредени.
Досега никој не ја презеде одговорноста, но според премиерот на Турција, Јилдирим, нападот е извршен од курдските бунтовници.
-
Македонија 08.06.2016 14:49
Поголем избор на лекови од различни производители
Поголем избор на лекови од различни производители на товар на Фондот за здравство. За 4 проценти повеќе лекови за осигурениците. Од 11-ти јуни листата се проширува со 80 нови заштитени имиња на лекови, од 23 различни производители и компании, во рамките на постојните генерики.










