Партијата за европска иднина (ПЕИ) стави потпис на Платформата за демократска Македонија која пред два дена ја потпишаа опозициската СДСМ и коалиционите партии. Партијата на Цаноски и во 2011-та соработуваше на изборите со СДСМ.
Вести
-
Македонија 11.04.2016 16:47
-
Македонија 11.04.2016 16:30
Прва операција во новата болница „Филип Втори“
60 годишен Виничанец е првиот пациент на кој му е направена бајпас операција на срце во новата болница за кардиохирургија „Филип Втори“. Од денеска опративните зафати ќе се извршуваат во новиот објект.
-
Економија 11.04.2016 15:58
Нова мерка за финансиска поддршка на земјоделците
Земјоделците ќе добијат 80 проценти субвенција од државата за систем капка по капка и ископување нови бунари, изјави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски. Заинтересираните, апликациите треба да ги достават до октомви годинава, а исплатата треба да почне од јануари наредната година.
-
Економија 11.04.2016 15:55
НБРМ нема индиции дека домашни фирми или банки се вклучени во сомнителни трансакции
Народната банка на Република Македонија нема индиции ниту сознанија дека домашни фирми или банки на кој било начин биле вклучени во сомнителни трансакции објавени во Панамските документи.
-
Македонија 11.04.2016 15:48
Минибус излета од пат во Гостиварско, повредени 14 лица
Четиринаесет лица, од кои 10 деца и 4 возрасни се повредени откако минибус „Форд турнео“, излетал од патот околу 12 часот и 40 минути, во близина на гостиварското село Падалиште, во непосредна близина на мостот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
-
Македонија 11.04.2016 15:19
Спасовски посети еден од повредените полицајци
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, посети еден од полицајците кои беа повредени во вчерашните немири со мигрантите на јужната граница.
На полицаецот, хоспитализиран во Ургентниот центар, Спасовски му посакал брзо закрепнување и му честитал за храброста.
-
Економија 11.04.2016 15:09
Во февраури издадени 335 одобренија за градење
Во февруари годинава се издадени 335 одобренија за градење што е за 48,2 процента повеќе во однос на февруари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Македонија 11.04.2016 15:04
Метео: Утре сончево, стабилно и потопло време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево стабилно и потопло време со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе бидат повисоки од денешните, а масималната ќе достигне до 27 степени.
-
Култура 11.04.2016 14:33
Почнува Саемот на книга
Вечер во Скопје се отвора 28-то издание на Меѓународниот саем на книгата, каде што ќе бидат претставени делата на 70-тина издавачки куќи. Саемот за посетителите ќе биде отворен од утре до 18-ти април, а организаторите очекуваат околу 40 илјади посетители.
-
Македонија 11.04.2016 14:11
Павлопулос пак се закани: Нема ЕУ и НАТО поради заштитата на границата
Грчките власти и медиуми последното деноноќие оркестрирано ги демонизираат македонските безбедносни сили, јавува дописникот на МРТ од Атина.










