Сириските бунтовници го зазеле стратешки важниот град Ал Раил, којашто беше под контрола на групата Исламска држава.
Според експертите, падот на градот ќе претставува поттик на бунтовниците, кои се борат и за преземање на поделениот Алепо.
Сириските бунтовници го зазеле стратешки важниот град Ал Раил, којашто беше под контрола на групата Исламска држава.
Според експертите, падот на градот ќе претставува поттик на бунтовниците, кои се борат и за преземање на поделениот Алепо.
Македонија доби графички регистар на градежно земјиште. Со него ќе се овозможи едноставен, брз и сигурен пристап во урбанистичката и планската документација, велат надлежните.
ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ, покажала анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“. На прашањето за која партија би гласале на изборите на 5-ти јуни, 39,2 насто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,9 проценти за СДСМ.
Командантот на Копнената војска на вооружените сили на Република Турција, генерал Салих Зеки Чолак кој е во дводневна посета на Република Македонија денес оствари средба со министерот за одбрана, Зоран Јолевски и со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.
Американскиот државен секретар Џон Кери допатува во ненајавена посета во Багдад, каде што ќе се сретне со претставници на ирачките власти посветени на борбата против џихадистичката група Исламска Држава.
Траект со 45 мигранти од Пакистан го напушти грчкиот остров Лезбос и се упати кон турскиот брег. Ова е втора група, која Грција ја префрла во Турција, според договорот меѓу Анкара во спречувањето на масовната нерегуларна миграција кон Европа.
Македонија е со највисока стапка на раст во регионот, оцени Светска Банка. Солидниот раст бил движен од јавниот сектор и од извозот од странските директни инвестиции. Намалувањето на невработеноста се должи на преземените активни мерки за вработување.
Од 12-ти до 18-ти април ќе се одржи традиционалниот Саем на книга, кој секоја година привлекува над 40.000 посетители. Во неделата на книгата широк спектар на понуди, од современи класични дела на домашни и странски автори, до стручна и научна литература, белетристика и бестселери.
Македонија доби графички регистар на градежно земјиште. Почнувајќи од денес овој регистар е достапен за професионалните корисници, институциите, општините и геодетите, а од јуни ќе биде достапен и за граѓаните и бизнис заедницата.
Австралиската полиција уапсила Албанец под обвинение дека подготвувал теористички напад во Бризбејн. Станува збор за 23-годишниот Агим Круези, роден во Австралија.
Австралиските власти покренале обвинение против Круези со 15 точки, главно поврзано со тероризам.