Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе го разгледа Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список, заклучно со денешниот датум.
Вести
-
Македонија 11.04.2016 10:46
-
Македонија 11.04.2016 10:45
Проект за вработување социјално загрозени лица
Наместо само да чекаат социјална помош, шеесетина социјално загрозени од 18 до 35 години од Прилеп, Кривогштани и Долнени за прв пат ќе бидат обучени за работа и активни на пазарот на трудот преку прилепскиот Центар за социјални работи.
-
Економија 11.04.2016 10:21
Се гради нов 110 киловолтен далновод Скопје- Тетово
Интензивно се гради новиот 110 киловолтен далновод кој треба да ги поврзе најголемите конзумни подрачја во земјава, Скопје и Тетово. Ќе минува преку 6 општини и ќе ги поврзува големите трансформаторски станици: Скопје 1, Југохром и Тетово 1.
-
Македонија 11.04.2016 10:04
На „Ало докторе“ за една недела 1.330 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела имало 1.330 повици. Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 86.524 повици.
-
Свет 11.04.2016 10:02
Тајни агенти на Европол инфилтрирани меѓу мигрантите во Грција
Европската полиција уфрлила тим од прикриени агенти, во центрите за регистрација на мигрантите во Грција, за да се спречи инфилтрација на оперативци на Исламска Држава, пишува денешен „Катимерини“.
-
Македонија 11.04.2016 09:52
На јужната граница стабилно, 14 полицајци и 9 војници повредени во вчерашните немири
Состојбата на македонско-грчката граница е стабилна, но напната. 14 полицајци и 9 војници се повредени во вчерашните немири, предизвикани од мигрантите стационирани во импровизираниот камп зад јужната македонска граница.
-
Економија 11.04.2016 09:42
НБРМ ќе информира за платниот промет со странство
Народната банка на Република Македонија денеска ќе информира за платниот промет со странство.
Како што соопштија од НБРМ, гуверентот на Народната банка Димитар Богов ќе одржи средба со новинари на прашања поврзани со наведената тема.
-
Свет 11.04.2016 09:34
Јацењук по поднесената оставка разговараше со Бајден
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук, вчера ја понуди својата оставка од функцијата најавувајќи дека во вторник официјално ќе ја поднесе и во Парламентот.
-
Македонија 11.04.2016 09:26
Почнува сеидбата на оризот
Неделава и официјално треба да почне сеидбата на оризот. Вода има доволно за 5.000 хектари со оваа култура или за скоро 200 хектари повеќе од лани.
Во моментов со зафаќаат води од Оризарска река и се пуштаат во нивите по соодветен редослед.
-
Македонија 11.04.2016 08:37
Сообраќајот на сите патишта тековно
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.










