Четворица прифатија да се спогодат со обвинителот за висината на казната. Но, кога на останатите седуммина судот им соопшти дека ќе ја изгубат можноста за спогодбена казна, уште двајца се предомислија изразувајќи подготвеност за прифаќање вина.
Вести
-
Македонија 11.03.2016 15:28
-
Свет 11.03.2016 15:21
Јапонија: Пет години по катастрофалниот земјотрес
Јапонија денеска ја одбележува петтата годишнина од катастрофалниот земјотрес и цунами во кој загинаа и исчезнаа 18.500. И покрај потрагата, телата на 2.561 лице се уште не се пронајдени.
-
Македонија 11.03.2016 15:07
ЕК: Затворањето на балканската рута е факт, а не намера
Во заклучоците на Европскиот совет, усвоени во вторникот, се наведува дека патот на мигрантите преку Западен Балкан е затворен. Со тоа се посочува еден факт, а не намера, изјави денеска на прес-конференција во Брисел, портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас.
-
Македонија 11.03.2016 14:58
Почна реконструкцијата на блокот „А“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“
По целосната реконструкција и опремување на блокот „Б“ во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, деновиве почна и обновата на блокот „А“. Ќе следува етапна реконструкција и на преостанатите два блока, каде што студентите ќе бидат сместени додека се одвиваат градежните работи.
-
Економија 11.03.2016 14:53
Странските компании задоволни од условите, расте соработката со домашните фирми
Странските компаниите се задоволни од бизнис условите, но велат дека се уште има простор за подобрување на регулативата. Најавија зголемена соработка со домашните фирми, која лани надминала 46 милиони евра, но и отворање на тренинг – центар за подобрување на вештините на кадарот.
-
Македонија 11.03.2016 14:30
„Прочка 2016“: Почнуваат карневалските свечености во Прилеп
Прилеп е подготвен карневалски. Почнува викендот на преправањето, на мечкарите, на карневалската забава. По 15-ти јубилеен пат, ќе дефилираат стотиците маски, ќе ја продолжат традицијата, ќе укажат, мајтапчиски, на нашиот начин на живеење.
-
Економија 11.03.2016 14:25
Димитриев: Невработеноста намалена за 3%, отворени 20.000 работни места
За една година невработеноста се намалила за 3 проценти, се отвориле речиси 20 илјади нови работни места.
-
Македонија 11.03.2016 14:11
Изминатите 24 часа не се издадени пртврди на мигранти
Во текот на вчерашниот ден не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
-
Свет 11.03.2016 13:58
Американските муслимани бараат извинување од Трамп
Водечката муслиманска невладина организација во САД побара од фаворитот на Републиканската партија за номинација за претседателски кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп да се извини поради изјавата дека „Исламот го мрази западот“.
-
Македонија 11.03.2016 13:26
Случај „Ќелија“: Шестмина се спогодуваат со обвинителството
Шестмина осомничени во случајот „Ќелија“ изразија подготвеност да ја прифатат вината. Во наредните 15 дена ќе се спогодуваат со јавниот обвинител за висината на казната.










