Вести

  • Македонија 03.03.2016 16:29

    Претседателот Иванов се сретна со Хојт Ји

    Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

  • Македонија 03.03.2016 16:16

    Метео: Утре променливо облачно и посвежо време

    Утре во Македонија се очекува променливо облачно и посвежо време со слаб локален дожд особено претпладне, а на планините ќе има слаби врнежи од снег.

    Ќе дува и умерен ветер од западен правец. Во текот на викендот ќе биде стабилно, сончево и малку потопло.

  • Култура 03.03.2016 16:06

    Почина академик Томе Серафимовски

    Неговите дела се наоѓаат во повеќе приватни и јавни збирки, галерии и во музеи. Во текот на 60-годишното творештво, Серафимовски учествувал на околу 300, а бил и самостоен автор на 40 самостојни изложби во земјава и во странство.

  • Македонија 03.03.2016 15:52

    Кривични пријави за напаѓачите во „Казабланка“

    Полицијата денеска ќе поднесе кривична пријава против Е.Б., А.Е. и А.Б. поради основано сомневање дека сториле кривично дело „насилство“. Тие се товарат за физички напад на Т.П., во угостителскиот објект „Казабланка“, на 27 февруари годинава.

  • Македонија 03.03.2016 15:49

    Годинава 5.500 пензионери ќе одмораат на бања

    Ручек за добредојде. Потоа преглед, па бањски третман. Првата група пензионери годинава пристигнаа на бања. Некои дошле да си ја искористат можноста, а други да се лекуваат.

    „Денеска дојдовме. Многу е убаво и убаво ќе си поминеме.“

  • Свет 03.03.2016 15:30

    Турција: Убиени жените што нападнаа полициска станица

    Турската полиција ги уби двете жени коишто денеска нападнаа полициска станица во предградие на Истанбул. Жените фрлиле неколку бомби врз зградата и потоа отвориле оган, по што следувал судир со полицијата. Во нападот нема други загинати.

  • Македонија 03.03.2016 15:07

    Претставени можностите за студирање во Русија

    Триесет македонски студенти ќе имаат можност да се образуваат на најпрестижните државни универзитети во Русија. Се доделуваат целосни стипендии за прв, втор и трет циклус на студии. Претставници од Руската амбасада ги објаснија можностите за студирањето во оваа земја.

  • Македонија 03.03.2016 15:01

    СЈО со жалба против решението на Кривичниот суд

    Специјалното јавно обвинителство денеска достави жалба по повеќе основи против решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое е одбиено барањето за копии на списи и електронски докази.

  • Свет 03.03.2016 14:55

    Туск до бегалците: Не одете во Грција, таа веќе не е транзитна земја

    Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина ја потврди новосоздадената ситуација во Грција со нестивнувачкиот прилив од бегалци кон земјата заради затворените европски граници.

  • Македонија 03.03.2016 14:53

    ЕК: Македонија не подлежи на ЕУ правилата за бегалците

    Европската комисија денеска уште еднаш порача дека Република Македонија е „трета земја“ за Европската унија, не е нејзина членка и не подлежи на легислативата и на законите на унијата во однос на (не)пропуштањето и третманот на бегалците и мигрантите на својата граница со Грција.

Pages