Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на нов објект на Клиничката болница во Штип.
Вести
-
Македонија 03.03.2016 11:48
-
Македонија 03.03.2016 11:45
Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“
Поради отсуство на адвокатите во Основниот суд Скопје 1, одложено е рочиштето во случајот „Поткуп“ против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најверојатно за идниот месец.
-
Култура 03.03.2016 11:09
„Дамата со камелии“ во МОБ
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди, под диригентство на Иван Еминовиќ.
-
Свет 03.03.2016 10:56
Најмалку пет жртви во поплави во Перу
Најмалку пет лица загинаа во Перу во поплави и свлечишта предизвикани од поројните дождови. Повеќе од пет илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
Поплавите предизвикаа хаос во сообраќајот, а уништени се и околу 200 километри патишта.
-
Свет 03.03.2016 10:37
Северна Кореја истрела неколку ракети со мал дострел во Јапонско Море
Северна Кореја истрела денеска неколку ракети со мал дострел во насока кон Јапонско Море, неколку часа откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за зајакнување на санкциите против Пјонгјанг, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
-
Македонија 03.03.2016 10:31
Во Собранието продолжува расправата за модернизација на АРМ
Во рамки на 85-тата седница денеска ќе продолжи собраниската расправа по Предлог на законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка.
-
Свет 03.03.2016 10:23
Обама за една година ги продолжи санкциите против Русија
Американскиот претседател Барак Обама за една година ги санкциите против Русија заради „нејзините активности и политиката кон Украина“.
-
Економија 03.03.2016 10:13
Иницијатива од Вашингтон: Европа да ги решава економските предизвици
Европа се наоѓа пред големи предизвици поради бавното економско закрепнување од економската криза и бранот бегалци. Американски и европски функционери презентираа Иницијатива за европски економски раст, со која ќе се зголеми економскиот раст во земјите членки на Европската Унија.
-
Свет 03.03.2016 10:07
Велика Британија: Референдум за ЕУ на 23-ти јуни
Граѓаните на Велика Британија на 23-ти јуни ќе се изјаснат дали сакаат да останат во Европската унија или не, а согласноста за овој датум ја даде и парламентот на земјата.
-
Македонија 03.03.2016 10:02
Се олеснува административната процедура во земјоделството и во шумарството
Измената се однесувата на управната постапка, односно постапките за издавање на решенија и на други документи.










