Пратеникот во германскиот Бундестаг и член во комисијата за Европа, Мануел Зарацин, денеска е во посета на Македонија, каде што со официјални претставници на владата и на политичките партии ќе разговара за актуелната политичка состојба.
Вести
-
Македонија 07.03.2016 10:08
-
Свет 07.03.2016 10:04
Самит во Брисел: Се очекува одлкука за затворање на балканската рута
Лидерите на ЕУ, на денешниот вонреден самит во Брисел, посветен на мигрантската криза, се очекува да донесат одлука за затворорање на рутата за бегалците долж Балканските земји, како дел од напорите за запирање на нивното препраќање од Грција кон централна Европа.
-
Свет 07.03.2016 09:58
Престрелка во фабрика во Сиднеј
Едно лице загина, додека две се повредени во престрелка во фабрика во западниот дел на Сиднеј.
Областа околу фабриката во која се случил инцидентот е блокирана и во тек е операција на терен во која учествуваат преговарачи.
-
Економија 07.03.2016 09:55
Субвенции за пристапни патишта до обработливи површини
На барање на земјоделците Платежната Агенцијата објави оглас со кој општините ќе можат да се пријавуваат за субвенционирање на изградба на пристапни патишта до обработливите површини.
-
Македонија 06.03.2016 15:44
Силна координација меѓу земјите за справување со бегалската криза
Македонија мора да има цврста координација со сите земји од регионот, земјите од балканската рута и ЕУ и успешно да ги имплементира одлуките на ЕУ и оние што се очекува да се донесат утре на самитот во Брисел, е една од констатациите на денешната донаторска координација во ПТЦ Гевгелија со претст
-
Македонија 04.03.2016 16:54
Реакции за протестите во Бутел
Приврзаници на ДУИ насилно ја урнаа оградата поставена околу темелите на Крстот во Бутел и ја запалија дрвената ограда - официјален став на МВР за случувањата во скопската населба. За време на протестот, полицајците не употребиле сила.
-
Македонија 04.03.2016 16:13
Поддршка од Јапонија за справување со мигрантската криза
Владата на Јапонија одлучи со грант во износ од 150.000 американски долари директно да ги поддржи локалните власти во Гевгелија и Куманово, кои се најпогодени од мигрантска криза во Македонија. -
Свет 04.03.2016 16:03
Четири години затвор за смртта на 3-годишниот Ајлан
50 месеци затворска казна добија двајца сириски шверцери поради смртта на тригодишното сириско момченце Ајлан Курди и за уште четворица. Судот ги прогласи за виновни за шверц со луѓе, но, ги ослободи од обвинувањето дека смртта ја предизвикале со намерно запоставување.
-
Македонија 04.03.2016 15:29
Хојт Ји: Има доволно време до 5-ти јуни
Се случија многу позитивни работи за излез од кризата - САД и ЕУ продолжуваат со поддршката за владата, партиите и инстуциите да можат да обезбедат изборите на 5-ти јуни да бидат слободни, фер и кредибилни.
-
Македонија 04.03.2016 15:18
Иванов: Да се намали бројот на бегалци во Грција
„Треба што поскоро територијата на Грција да се испразни од мигранти и од бегалци, но не преку балканската рута, туку со воздушен коридор“, порача претседателот Ѓорге Иванов на безбедносната конференција на ОБСЕ во Рим.










