Турската полиција убиле две жени кои ја нападнаа полициската станица во предградие на Истанбул. Жените фрлиле неколку бомби врз зградата и потоа што отвориле оган, по што следувал судир со полицијата.
Вести
-
Свет 03.03.2016 14:27
-
Економија 03.03.2016 14:19
И помалите земјоделци до европски пари со ИПАРД 2
И најситните земјоделци добиваат шанса да аплицираат за европските фондови. Усвоените измени на новата ИПАРД 2 програма која стартува на почетокот на втората половина на годината, преку мерката 101 за прв пат ги опфаќаат и производителите на поледелски култури до еден хектар.
-
Свет 03.03.2016 13:08
Курц: Грција да го запре преминување на бегалците кон север
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц ја повика Грција да престане да им дава дозвола на бегалците, кои пристигнуваат на нејзина територија, да го продолжуваат патот кон северна Европа.
-
Македонија 03.03.2016 13:04
Хојт Ји на средба со претседателот Иванов
Заменик- помошникот државен секретар во американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји, е во посета на Република Македонија. Во тек е средбата на заменик- помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Ји, со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
-
Македонија 03.03.2016 12:53
МВР: За 24 часа издадени 458 потврди за азил
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 458 странски државјани, од кои 174 од машки и 108 од женски пол, како и на 173 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште три деца кои патуваат без придружба
-
Свет 03.03.2016 12:50
Албанија распореди полиција на граничните премини
Поради можноста бранот бегалци да се пренасочи од Грција кон Албанија, албанските власти блиндираа пет гранични премини кон Македонија и Грција, јави електронското издание на весникот „Шекули“.
-
Македонија 03.03.2016 12:41
Почина академик Томе Серафимовски
На 80-годишна возраст денеска во Скопје почина академик Томе Серафимовски, познат македонски скулптор. Македонската академија на науките и уметностите на 7-ми март ќе одржи комеморативна седница во 12 часот.
-
Македонија 03.03.2016 12:35
Почнуваат подготовките за новата реколта тутун
Околу 30.000 тутунарски семејства во земјава се подготвуваат за новата реколта тутун. При истекот на откупот на ланскиот род, тутунарите ќе инкасираат во просек по 4 евра од килограм, вклучувајќи ги субвенциите. Охрабрени од добриот откуп, го планираат годинашново производство.
-
Економија 03.03.2016 12:27
Поднесени над 145 илјади годишни даночни пријави, рокот до 15 март
До Управата за јавни приходи досега се доставени вкуно 145.475 годишни даночни пријави, од нив електронски се поднесени 733. До крајниот рок 15 март 2016 година, до кога граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2015 година, од УЈП очекуваа
-
Македонија 03.03.2016 12:23
ОЈО: Предадена е севкупната документација за „Пуч“
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од с










