„Ние го направивме сопствениот избор... Одлучни сме да не станеме складиште за мигранти, доколку дојде до затворање на границите... Се залагаме за координирана акција“ – оваа порака ја испраќа претседателот Иванов во интервјуто за „Шпигел онлајн“.
Вести
-
Македонија 01.03.2016 14:02
-
Македонија 01.03.2016 13:46
Метео: Утре променливо облачно, повеќе врнежи од четврток
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди но и со услови за слаб локален дожд.
Ќе дува и слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе го засилува интензитетот.
Повеќе врнежи се очекуваат во четврток.
-
Македонија 01.03.2016 13:40
Бегалска криза: Состојбата долж јужната граница е стабилна
Состојбата на јужната граница е стабилна по вчерашниот обид на мигрантите насила да влезат во земјава, велат од МВР. Околу 7 илјади мигранти се на грчката страна од границата кај Сеово и чекаат да транзитираат преку Македонија кон земјите на ЕУ.
-
Економија 01.03.2016 13:33
Саем за градежништво: Над 3.000 плацеви и станови преку „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“
Станови, куќи, парцели, матeријали, во Скопје- Саем на градежништво и недвижности. Над 3.000 државни плацеви и уште толку станови достапни за заинтересираните купувачи. Проектот „Купи куќа за млади“ ги раздвижи општините.
-
Македонија 01.03.2016 13:16
Состанок за справување со бегалската криза во Белград
Директорите на полициите од земјите долж балканската и европската рута: Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Австрија, Бугарија, Албанија, Холандија, Унгарија, Грција и Германија во Белград разговараат за управување со мешовити миграциски текови.
-
Македонија 01.03.2016 13:04
Вонреден план на ЕУ за справување со бегалската криза
Портпаролката на Европската Комисија, Мина Андреева изјави дека ЕУ моментално подготува вонредни планови за Грција и другите земји од Балканскиот коридор, за да се избегне хуманитарна криза.
-
Економија 01.03.2016 12:59
„Југохром“ го рестартира производството
Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце го рестартира своето производство. Менаџментот соопшти дека во функција се ставени две печки.
-
Македонија 01.03.2016 12:36
Попоски: Македонија се соочи со насилен обид за упад на стотици мигранти
„Македонија се соочи со насилен обид за упад на стотици мигранти“- вели министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за БИ- БИ- СИ. Шефот на дипломатијата рече дека поставувањето на оградата е со единствена цел да се запре илегалната миграција.
-
Свет 01.03.2016 12:29
Сирија: 1.200 бунтовници потпишаа спогодба за прекин на огнот
Над 1.200 бунтовници од сириската провинција Дера потпишаа спогодба со сириските власти за прекин на огнот. Повеќето од борците кои ѝ се приклучија на спогодбата и доброволно ги прекинаа борбените дејствија ќе можат да му се вратат на нормалниот живот.
-
Економија 01.03.2016 12:15
Аеродромот „Александар Велики“ најдобар во Европа во категорија под два милиони патници
Скопскиот аеродром „Александар Велики“ ја доби наградата ASQ (Airport Service Quality) за најдобар аеродром за 2015 година во Европа, во категоријата - аеродроми со помалку од 2 милиона патници, соопштуваат од концесионерот ТАВ Македонија.










