Денеска во Европскиот Парламент во Брисел се гласаат вкупно 270- те амандмани за резолуцијата за Република Македонија.
Вести
-
Македонија 29.02.2016 15:16
-
Македонија 29.02.2016 15:02
Тензично на јужната граница, повреден еден полицаец
Еден полицаец е повреден на јужната граница откако неколку илјади бегалци се обиделе да ја урнат оградата, да го пробијат заштитниот граничен кордон и насилно да влезат на македонска територија. Бегалците фрлале со камења кон специјалните полициските сили.
-
Економија 29.02.2016 14:39
Позитивниот тренд во градежништвото продолжува
Годишно во просек се градат шест илјади станови, трендот ќе продолжи, но не се очекува пад на цената, велат градежниците со став- трошоците за материјали не се намалуваат.
-
Култура 29.02.2016 14:32
70 години Драмски театар: Најавени шест премиери и нов објект
Со култната претстава „Буре барут“ од Дејан Дуковски ќе се прослават 7 децении Драмски театар. Директорот Вељановски во јубилејната година најави шест премиери, меѓу кои „Сирано де Бержерак“ во режија на Дејан Пројковски и „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир, а во режија на Наташа Поплавска.
-
Економија 29.02.2016 13:45
Раст на прометот во трговијата на мало
Прометот во трговијата на мало во јануари годинава во однос на јануари лани бележи пораст во делот со храна, пијалоци и тутун номинално за 8,6, а реално за 8,9 отсто.
-
Македонија 29.02.2016 13:31
Директорот на БЈБ Савовски се сретна со директорот на полицијата на ЕУЛЕКС
Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски денеска се сретна со директорот на Полиција на ЕУЛЕКС од Косово, Оливер Хофман. -
Македонија 29.02.2016 13:18
Расте притисокот врз јужната граница, бегалците се обиделе да го пробијат граничниот кордон
Се зголемува притисокот врз јужната македонска граница. Бегалците се обиделе да го пробијат заштитниот граничен кордон и да ја урнат оградата кај граничниот камен 59, на македонско- грчката граница.
-
Македонија 29.02.2016 13:03
Средби на холандски пратеници во Собранието
Собранието на Република Македонија е отворено за соработка и зајакнување на севкупните релации, на сите нивоа, со Парламентот на Кралството Холандија. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на средбата со холандските парламентарци ги резимираше заедничките проекти и инвестиции.
-
Економија 29.02.2016 13:01
Градежништвото- водечка стопанска гранка
Стопанската комора оцени дека градежништвото е водечка стопанска гранка и најголемиот двигател на економијата во земјата. Со најавените владини проекти дополнително ќе се зголеми и економскиот раст и бројот на вработени кој сега изнесува 7,5 насто од вкупниот број работници во земјава.
-
Свет 29.02.2016 11:42
Најмалку 40 загинати во два напади на Ал Шабаб во Сомалија
Најмалку 40 лица загинаа во два напада на исламистичката терористичка група Ал Шабаб во јужниот сомалиски град Бајдоа.










