Денешниот ден, што во американскиот политички календар се нарекува „супер вторник“, е клучен во кампањата на кандидатите за претседателската функција во САД.
Вести
-
Свет 01.03.2016 10:39
-
Економија 01.03.2016 10:35
Привршува откупот на тутун, цените повисоки од лани
Откупот на тутунот можно е да заврши порано од законскиот рок до 15- ти март. Досега се откупени скоро 19.000 од 21.000 тони колку што се проценува вкупниот род. Просечна цена е 185 денари за килограм.
-
Македонија 29.02.2016 17:15
ДИК: Вкрстени проверки за прочистување на избирачкиот список
Државната изборна комисија ја почна вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и на уште 10 државни институции, откако претходно, биле направени стандардизација, нормализирање и валидација на податоците.
-
Економија 29.02.2016 16:37
Браунфилд инвестиција: Германски „СТС Текстил“ инвестира во Демир Хисар
Нова браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Германската компанија „СТС Tекстил“ во следните месеци ќе инвестира четири милиони евра во постоечкиот капацитет на „Застава“. За почеток се планирани 150 вработувања, а во текот на инвестициски процес се очекува бројката да достигне 1.500.
-
Економија 29.02.2016 16:26
Се крати рокот за исплата на откупени производи
Наместо за шест, најдоцна за три месеци сите откупувачи, мелничари, винарски визби, преработувачи и кланици треба да ги исплатат земјоделците за предаденото примарно производство. За ова барање на земјоделците ќе се интервенира во Законот за земјоделство и рурален развој.
-
Македонија 29.02.2016 16:07
Ехо- дијагностика во Поликлиниката во Драчево
Ехо снимање на стомак и на тироидна жлезда ќе се извршува во поликлиниката во Драчево. Прегледите ќе се закажуваат преку системот „Мој термин“, ќе стартува од утре. Во новиот специјалистички кабинет ќе работат двајца лекари.
-
Македонија 29.02.2016 15:55
Затворени 36 пресуди на Европскиот суд за човекови права против Република Македонија
Како што ни објасни амбасадорот на Република Македонија при Советот на Европа, Петар Поп Арсов, Комитетот смета дека овие 36 предмети, повеќе нема потреба да бидат следени од извршното тело на Организацијата.
-
Свет 29.02.2016 15:34
Доделени најпрестижните филмски награди
Во Долби театарот во Лос Анџелес синоќа се одржа 88 доделување на една од најпрестижните филмски награди Оскар. Леонардо Ди Каприо ја освои наградата за најдобар актер во филмот „Повратник“ којшто меѓудругото беше номиниран во 12 категории.
-
Македонија 29.02.2016 15:25
Метео: Променливо време и во наредните денови
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.
Локални врнежи од дожд се можни претпладне особено во источните делови од земјава.
Ветерот ќе дува од југозападен правец со слаб до умерен интензитет.
-
Македонија 29.02.2016 15:23
Европски вредности за одговорно владеење
„Прв, базичен предуслов за демократска Македонија се фер и регуларни избори. Мора да има фер и регуларен и предизборен и изборен процес“- изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.










